Села: Сериозно размислуваме за заеднички кандидат Албанец за претседател на Македонија

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, рече дека „албанските партии во Македонија сериозно размислуваат за заеднички претседателски кандидат".

– Секако тој процес е во тек. Ние следиме како се одвива ситуацијата во мнозинскиот кампус. Албанските гласови не треба да течат во насока кон кандидатите кои произлегуваат од македонските политички субјекти. Ние сериозно размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец, изјави Села.

Додава дека се уште не се созреани условите за кандидат Албанец кој ќе го подражат и македонските партии.

– Се уште не се созреани условите да имаме кандидат Албанец подржан од македонските партии. Напорите што ги прави СДСМ, наводно, предводејќи се од мотото едно општество за сите, пред себе ја гледа идејата за третирање на Албанците како една колонија. Албанците не добиваат повеќе од четири отсто од инвестициите, рече Села.

Тој и со оценка дека во Македонија „живееме како две посебни општества".

– Таму живееме како две посебни општества. Културните разлики се тие кои се наметнуваат. И до ден денес, постојат Албанци кои издржуваат затворски казни во монтирани процеси кои се од претходниот систем. За жал, правдата за Албанците е со два стандарди, а да не зборуваме за колективните права, оценува лидерот на Алијансата за Албанците, Села./MИА. 

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер