СДСМ вечерва ќе одлучува дали ќе има и предвремени парламентарни избори

За два часа треба да почне Извршниот одбор на СДСМ на кој ќе се одлучува дали партијата ќе ја прифати фрлената ракавица од опозицијата за предвремени парламентарни избори.

На оваа тема Јулијана Николовска .После неколкунеделно тактизирање може ли да се претпостави во која насока одат размислувањата во СДСМ, колкави се реалните шанси да има предвремени парламентарни избори?

За ова повеќе во разговорот со Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Лицата со посебни потреби бараат поголема грижа од државата

Граѓанската иницијатива „5 до 12“, одбележа две години од првиот камп со кој преку граѓански активизам се бореа за унапредување на правата на лицата со посебни потреби.

Со кренати два прста во знак за мир лицата со попреченост и нивните родители повторно се собраа да ги потсетат институциите дека се уште не се вложуваат доволно напори за да бидат рамноправни во општеството.

Иако храбро им пркосат на секојдневните предизвици, сепак нивните најблиски со тешки маки се обидуваат да им удостојат нормален живот. Точно две години откако иницијативата „5 до 12“ за прв пат постави шатори пред Собранието во знак на револт, посочија дека се уште недостасуваат реформи и цврсти закони со кои ќе им се загарантираат правата на овие лица.

„После изборите ќе се отвори центарот за Даунов синдром во Скопје, таков центар досега немаше, тоа е позитивно. Се надеваме понатаму дека, и во светски рамки и научно е докажано дека во пракса најмногу помагаат рехабилитациски центри. Во земјава имаме дневни центри, меѓутоа треба рехабилитација.“

Од 2015 функционира и центар за аутизам кој згрижува 25 лица, а благодарение на иницијативата „5 до 12“ ќе се отвори и полигон за над 3500 лица со оштетен вид. Сепак, велат, во земјава не треба да се занемарат и помалку присутните ретки болести, а од институциите особено побараа да бидат што подостапни и лекарствата за ваквите болести.

„Јавно го повикувам министерството за здравство, конкретно за неодамнешниот проблем за терапијата за децата со остогилизис имперфекта, да кажам дека навистина ми е жал што се уште не е изнајдено решение и апелирам дека 30 деца не треба да бидат занемарени.“

Сепак, борбата не запира тука. Сите родители, обединети во различни градови во земјава, и понатаму ќе го креваат својот глас за да ги потсетат институциите дека правата на децата со посебни потреби се нивна обврска.

Во КПУ Затвор – Скопје гласале преку 60 затвореници

Тековно и без проблеми се одвива гласањето во казнено-поправните установи низ земјава. Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица, од кои најголемиот број во КПУ Затвор-Скопје.

Претседателот на изборната комисија во КПУ Затвор – Скопје, Елвис Хајдар, за МИА информира дека гласачките места се отворени во седум часот утрово и гласањето се одвива без проблеми.

До 11 часот гласале 67 затвореници, додека тројца не гласале, бидејќи не биле на гласачкиот список.

Портпаролот на ДИК Љупка Гугуческа, на денешната прес-конфернеција,соопшти дека сите места се отворени навреме и гласањето во казнено-поправните установи тече без проблеми. 

Со големи мерки на безбедност во Косово вратени жени и деца на косовски џихадисти

Десетици жени и деца, членови на семејства на косовски џихадисти кои војуваа во Сирија, со авион се вратени на Косово, а целата операција е спроведена со големи безбедносни мерки.

Станува збор за 74 деца и 32 жени, како и двајца борци на Исламска држава... Според податоците на безбедносните служби, повеќе од 300 косовски граѓани, мажи, жени и деца, отпатувале во Сирија во 2012 година... Околу 70 мажи кои војувале од страната на исламистичките екстремисти се убиени во судирите.

Полицијата истакна дека околу 150 жени и деца, вклучувајќи и 60 деца кои се родени на бојно поле, се заробени откако џихадистичката група на т.н. Исламска држава почна да ги губи своите територии.

Косовските власти веруваат дека на воените боишта во Сирија се наоѓаат уште 30 косовски борци, како и 49 жени и 8 деца. Косовскиот министер за правда изјави дека на овој начин ќе им се пружи втора животна шанса. Но, тој додаде дека сите оние за кои има докази дека сториле некакво кривично дело, вклучувајќи ги и жените, ќе бидат кривично гонети. Американската влада го поздрави овој чекор на косовската влада.

притисни ентер