Нападната екипа на ББЦ на митинг на Трамп (ВИДЕО)

За време на митингот на американскиот претседател Доналд Трамп , беше нападната екипата на британската телевизија ББЦ.

Американскиот претседател Доналд Трамп одржувал митинг во местото Ел пасо , во близина на границата со Мексико , кога неговите симпатизери му се нафрлија на снимателот и на новинарот на ББЦ.

Маж со качкет на главата , со слоганот на Трамп ,,да ја направиме Америка повторно голема” , го бутка и пцуе снимателот Рон Скинс , пред да интервенира обезбедувањето.

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

Полицијата за прв пат употреби вистинска муниција и водени топови во Хонг Конг (ВИДЕО)

Полицаец пукаше од пиштол со вистинска муниција за време на денешните протести во Хонг Конг , кои ескалираа во бројни судири со демонстрантите.

За прв пат од почетокот на протестите во јуни , денеска полицијата употреби вистинска муниција, додека демонстрантите ги напаѓаат со шипки.

Полицијата во Хонг Конг денеска употреби и солзавец за да ги растера демонстрантите кои зазедоа улица во областа Цуен Ван. На тоа полицијата возврати со камиони со топови со вода за прв пат на протестите.

притисни ентер