СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол на партизација на институциите

Не постои поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за вработувања во администрација, кога токму таа партија е симбол на непотизам и масовна партизација на државните институции, реагираат од СДСМ.

Токму ВМРО-ДПМНЕ во октовмри 2012 година само преку еден оглас во РЕК Битола вработи 625 партиски кадри, сите според списоци по Општински комитети и јавноста добро го памети тоа.

За разлика од таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ, денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни. Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа.

СДСМ останува доследен на одамна искажаниот став дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика.

Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да се доведе во врска со работното место.

Секој кој има квалитети, без разлика дали е или не е член на која било партија има еднакво право да добие работно место а со тоа и сериозна обврска своите работни задачи да ги извршува на професионален начин.

Започнат е процес на деполитизирана и департизирана администрација. Тоа значи вработувања според мерит систем, а не според политика или партиска припадност.

Во јавниот сектор, во државните институции и претпријатија, мора да се работи според мерит систем и според потребите на граѓаните, бидејќи институциите постојат за граѓаните, а не обратносе наведува во реакцијата на СДСм на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер