Катругалос: Се планира средба Заев-Ципрас на маргините на Минхенската безбедносна конференција

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во интервјуто за „Гласот на Грција" и Првата програма на грчкото државно радио ги потврди информациите дека се планира, македонскиот и грчкиот премиер да одржат билатерална средба.

Средбата на премиерите на двете земји би се одржала  на маргините на Минхенската безбедносна конференција од 15 до 17 февруари, а воедно не ја исклучи можноста Зоран Заев да ја посети грчката престолнина.

-Се чини дека се планира таква средба, кусо вели Каругалос во однос на билатералната средба во Минхен.

Алтернативниот МНР на Грција, на прашањето дали е планирана посета на Заев на Атина, вели дека "оттука па натаму ќе се разговараат различни размени на сите нивоа, за да се промовира билатералната соработка”.

-Се планираат размени на сите нивоа, да им помогнеме со европските обврски и во главно да ги развиеме билатераните економски односи, објаснува Катругалос.

Прашан директно дали ја остава отворена можноста за посета на македонскиот премиер на Атина одговара позитивно.

На почетокот на месецов, како што објави МИА, "Дојче Веле” на грчки јазик пишуваше дека наградата „Ewald von Kleist" на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа.

Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален Твитер профил на 25 јануари, кусо откако Преспанскиот договор беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „двајцата премиери ќе бидат поканети на 16 февруари во Минхен да ја примат престижната награда" за време на 55-та конференција.

За можноста за посета на грчкиот премиер на Скопје или на македонскиот премиер на Атина, Јоргос Катругалос одговори на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на минатонеделниот брифинг во Здружението на странски дописници и рече дека "двајцата лидери Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе треба да се сретнат некаде, дали тука, дали таму, дали на некое трето место, бидејќи започнува нова ера". /MИА

Воведете стандарди за печките во домаќинствата, а во зградите парно

Немате стандарди за печките на дрва, на јаглен, на нафта, на мазут, на пелети, а токму нивното воспоставување е можеби наједноставниот чекор од низата што треба да се преземат за намалување на аерозагадувањето.

Вака, кратко, јасно и недвосмислено, на една неформална средба, одговори американскиот советник за климатски промени Џонатан Бенкс, на новинарско прашање кој би бил неговиот конкретен совет во врска со енормното загадување на воздухот во земјава.

Средбата со Бенкс ја организираше невладината „Еко свест", но интересот на медиумите за разговор со него беше евидентно мал.

Експертот кој од неодамна е во Скопје, побрза да разговара со новинарите иако тукушто доаѓаше од состанок со заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Претходно, информира, имал средба и со претставници на некои од граѓанските здруженија.

-Клучно е земјата да има визија, да знае каде оди, што сака. Во таа смисла, може да се зборува за брзи, краткорочни и за покомплексни, долгорочни мерки. Една од поедноставните мерки која не бара многу време и пари, е секако воведувањето стандарди за инсталациите за согорување цврсти горива во домаќинствата кои вие засега ги немате. Градите згради, имате цевки за централно греење, но тие не се поврзани, нагласи Бенкс.

Во долгорочните мерки против загадувањето генерално, Бенкс го посочи образованието. Според него, клучна е едукацијата и тоа уште од најрана вораст.

-Кога децата ќе учат и ќе знаат од мали што е рециклирање, тогаш така и ќе размислуваат кога ќе пораснат. Дури и ќе ги опоменуваат своите родители ако се однесуваат несоодветно. Во светот се разработени голем број еко-курикулуми па не мора да измислувате топла вода. Доволно е да ги пресликате искуствата, рече американскиот експерт.

Дополни и дека (аеро)загадувањето е многу сериозен проблем особено ако се земе предвид дека е поврзано со глобалното затоплување, климатските промени, економскиот развој.

-Не знам дали некој од вас новинарите некогаш го разработил загадувањето од тој аспект, дали проанализирал дека, на пример, некои компании не отвораат свои претставништва, ниту праќаат луѓе во земји што се загадени, истакна експертот.

Дополни и дека можеби еден од подобрите приоди за разобличување на оваа тема од страна на медиумите, би бил креирањето лични приказни – на луѓе што живеат непосредно до изворот на загадување и кои директно ги чувствуваат последиците.

Во текот на разговорот укажа дека е неопходна заедничка „борба", и на активистите (граѓаните) и на институциите. Очигледна е, оцени, разликата во делувањето на активистите. На една страна се граѓанските иницијативи за „елиминирање" на одредени индустрии, а на друга граѓанските организации кои не се против индустриите, но од нив бараат максимално имплементирање и почитување на еко-стандардите. Тоа, потенцира, мора да се доведе во спрега.

Осврнувајќи се на искуствата во САД, рече дека и таму постои разликата во свесноста за (аеро)загадувањето, дека една од опциите кои даваат резултати е работа и со свештените лица (зашто имаат влијание врз граѓаните), како и дека постои можност, ако активистите или воопшто населението не е задоволно од работата на институциите, може правно да реагира и на тој начин да изврши вид притисок за надлежните да си ја вршат задачата./МИА.

Општина Гевгелија се определи да остане еколошка оаза

Советниците на општина Гевгелија на последната седница едногласно дадоа негативно мислење и гласаа против отворање погон на италијанската компанија ПиП индустрис за преработка на отпад во пелети кои би се извезувале во Италија.

Советниците на општина Гевгелија на последната седница која заврши доцна синоќа едногласно дадоа негативно мислење и гласаа против отворање погон на италијанската компанија ПиП индустрис за преработка на отпад во пелети кои би се извезувале во Италија, како и против доделување концесија за детални геолошки истражувања за злато на планината Кожуф.

Градоначалникот Сашо Поцков информираше дека по јавната презентација во јуни доставил негативно мислење по доставените барања и дека по само четири месеци барањата повторно биле доставени преку Министерставата за животна средина и економија по што оценил дека добро е за нив да се произнесат и советниците.

Советниците, сметаат дека отворањето на погонот и давањето на концесијата би биле против определбата на општината и на граѓаните да остане зелена и европски ориентирана општина.

На седницата беа присутни и претставници на граѓанските здруженија кои се занимаваат со прашања од областа на екологијата и животната средина. 

Судењето за „Рекет" закажано за 3 декември, ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска

 Предметот „Рекет" во кој  се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска. 

Првото рочиште е закажано за 3 декември 2019 година во 10 часот.

Од Кривичниот суд информираат дека согласно АКМИС – електронскиот систем, предметот КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Николовска – Масевска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело", а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание".  Јанева се товари и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување". Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор. 

притисни ентер