Водител на Фокс Њус призна дека 10 години не си ги измил рацете (ВИДЕО)

Водител на американската телевизија Фокс Њус јавно призна дека 10 години не ги измил рацете , зашто смета дека бактерии не постојат.

Пит Хегсет , кој е водител на утринската програма на американската телевизија Фокс изјави пред совите колеги во емисија во живо дека не ги миел рацете цели десет години.

,,Мојата одлука за 2019 беше да зборувам во емисиите за она за што досега не сум зборувал . Мислам дека десет години не сум измил раце. навистина никогаш не ги мијам.бактериите не се вистински . Не можам да ги видам , па затоа не постојат.” рече водителот пред шокираните колеги , кој додаде и дека неговите раце сепак изгледаат доста чисто.

Видео - Фото: Супер секси и провокативни близначки!!

Моделите Шенон и Шанед Клермонт се секси близначки кои со својот провокативен изглед „жарат и палат“ на социјалните мрежи.

Само на Инстаграм овие „жешки“ Американки  ги следат повеќе од еден милион луѓе.

Со својата атрактивност но и многу провокативни фотки Џенон и Шенад.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

UR MAIN SQUEEZE💚 bikini @iconswim 💕 #clermonttwins

A post shared by Shannon and Shannade Clermont (@clermonttwins) on

Покрај по својот атрактивен изглед и провокативност близначката  Шанед е позната по јавноста и поради една необична кражба.

Во 2017 година Шанед украла идентитет и кредитна картичка од мртов човек.

Лицата со посебни потреби бараат поголема грижа од државата

Граѓанската иницијатива „5 до 12“, одбележа две години од првиот камп со кој преку граѓански активизам се бореа за унапредување на правата на лицата со посебни потреби.

Со кренати два прста во знак за мир лицата со попреченост и нивните родители повторно се собраа да ги потсетат институциите дека се уште не се вложуваат доволно напори за да бидат рамноправни во општеството.

Иако храбро им пркосат на секојдневните предизвици, сепак нивните најблиски со тешки маки се обидуваат да им удостојат нормален живот. Точно две години откако иницијативата „5 до 12“ за прв пат постави шатори пред Собранието во знак на револт, посочија дека се уште недостасуваат реформи и цврсти закони со кои ќе им се загарантираат правата на овие лица.

„После изборите ќе се отвори центарот за Даунов синдром во Скопје, таков центар досега немаше, тоа е позитивно. Се надеваме понатаму дека, и во светски рамки и научно е докажано дека во пракса најмногу помагаат рехабилитациски центри. Во земјава имаме дневни центри, меѓутоа треба рехабилитација.“

Од 2015 функционира и центар за аутизам кој згрижува 25 лица, а благодарение на иницијативата „5 до 12“ ќе се отвори и полигон за над 3500 лица со оштетен вид. Сепак, велат, во земјава не треба да се занемарат и помалку присутните ретки болести, а од институциите особено побараа да бидат што подостапни и лекарствата за ваквите болести.

„Јавно го повикувам министерството за здравство, конкретно за неодамнешниот проблем за терапијата за децата со остогилизис имперфекта, да кажам дека навистина ми е жал што се уште не е изнајдено решение и апелирам дека 30 деца не треба да бидат занемарени.“

Сепак, борбата не запира тука. Сите родители, обединети во различни градови во земјава, и понатаму ќе го креваат својот глас за да ги потсетат институциите дека правата на децата со посебни потреби се нивна обврска.

Близнакот Андреа роден два месеци по својот брат Алесандро

Две машки бебиња, близнаци родени се со два месеци разлика во место близу Милано..

Алесандро е роден на 24 декември, а братот Андреа на 22 февруари, што е исклучително ретка појава.

Четириесетгодишната мајка морала итно да биде хоспитализирана во декември 2018 и тогаш се родил Алесандро, роден во 24. недела од бременоста со само 800 грама. Благодарејќи на медицинскиот тим, постелката останала цела, па братот близнак продолжил да се развива во утробата на мајка си.

Од медицинска гледна точка тоа било исклучително сложена бременост со среќен крај, кога со 33 недели е роден Андреа со тежина од три килограми.

притисни ентер