Утре ветер до 80 километри на час, преодно стабилизирање од четврток

Променливо облачно време, со ветер што наместа ќе достигнува 80 километри на час, со локален слаб снег ќе има и утре во земјава.

Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок повторно ќе има слаби локални врнежи од снег. За викендот ќе преовладува претежно сончево и потполно време.

Умерен до засилен ветер од северозападен правец ќе има и попладнево кој вдолж Повардарието ќе достигнува до 70 километри на час.

Утре минималната температура ќе се спушти до минус седум во Маврово, каде ќе остане во негатива и максималната ќе биде минус пет степени. Во Скопје минималната температура ќе се спушти до минус еден, а највисока ќе биде во Гевгелија до два степени. Максималната температура ќе се движи од минус пет до седум степени.

Најстудено  ќе биде во четврток кога утринската температура ќе биде секаде под нулата и ќе се движи од минус девет и минус два. Во петок ќе биде од минус шест до два, во сабота од минус осум до еден, во недела, исто така утринската секаде ќе биде под нулата во интервал  од минус седум до минус еден и од минус четири до плус три.

Дневната ќе се движи во четврток од два до девет степени, од еден до осум, сабота од четири до 11 степени, во недела од седум до 14 и во понеделник од осум до 15 степени. /МИА

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

Полицијата за прв пат употреби вистинска муниција и водени топови во Хонг Конг (ВИДЕО)

Полицаец пукаше од пиштол со вистинска муниција за време на денешните протести во Хонг Конг , кои ескалираа во бројни судири со демонстрантите.

За прв пат од почетокот на протестите во јуни , денеска полицијата употреби вистинска муниција, додека демонстрантите ги напаѓаат со шипки.

Полицијата во Хонг Конг денеска употреби и солзавец за да ги растера демонстрантите кои зазедоа улица во областа Цуен Ван. На тоа полицијата возврати со камиони со топови со вода за прв пат на протестите.

притисни ентер