Видео: НБА Топ 10, Хезоња како Џордан, Дончиќ со волшебен дриблинг

Бурна ноќ во НБА , одиграни девет средби во кои видовме многу преубави потези.

Најголемиот кандидат за признанието „руки на годината“ , словенечкото тинејџерско чудо Лука Дончиќ одигра уште еден брилијантен меч, а еден негов волшебен дриблинг се најде меѓу десетте најдобри потези.

Во Топ десетте најдобри потези  за одбележување се и рампата на Брук Лопез, забивањата на Јанис Адетокумбо и Пол Џорџ.

Сепак првото место меѓу топ десетте најдобри потези заслужено е за хрватскиот кошаркар Марио Хезоња кој заби во стилот на летачкиот Мајкл Џордан.

Избрано раководството на секцијата на спортски новинари при ЗНМ

Секцијата на спортски новинари при Здружението на новинарите на Македонија за раководител го избра Перо Момировски.

На изборното собрание на секцијата во просториите на Клубот на новинари во Скопје, денеска присуствуваа 40-тина спортски новинари.

Од ЗНМ, информираат дека меѓу првите активности со кои ќе се бави секцијата е подобрување на условите за работа на спортските новинари, преку олеснување на нивниот пристап до спортските активности и настани, како и унапредување на соработката со спортските федерации и клубови во државата и надвор.

На состанокот, исто така, било заклучено дека во наредниот период раководителот на секцијата ќе состави тим во кој ќе учествуваат уште неколку спортски новинари, со цел поефективна координација на ова тело во иднина.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ја поздрави иницијативата и порача дека само сложно и солидарно може да се подобри амбиентот во кој работат спортските новинари.

Од ЗНМ, информираат дека ова е втора секција во рамки на здружението, откако минатиот месец беше формирана секција на сниматели, а во иднина најавено е формирање на посебни секции на млади новинари и на истражувачки новинари.

Самсоненко се повлекува од РК Вардар

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко преку пишано соопштение најави дека од следната сезона нема да биде во можност да продолжи со финансирањето на Ракометниот клуб „Вардар“.

Тој ги повикува македонските бизнисмени да се приклучат кон финансирањето на ракометниот клуб.

– Од седуммте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот – пишува Самсоненко.

Тој вели дека добил ветувања дека за кратко ќе добие помош за ракометот, но дека помошта ја нема.

Судијата на натреварот меѓу Јувентус и Ајакс е вплеткан во мафијашка мрежа

Францускиот судија Клемент Турпин , кој го судеше натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ајакс ,доживеа кражба на идентитетот.

Според полицијата , криминалци пренеле големо количество дрога со автомобил Рено Лагуна , регистриран на Клемент Турпин.

Извесен дилер Мунир А. бил уапсен на 10 декември во Париз со уште три лица и обвинет за поседување големи површини под канабис. Кај нив било најдено и големо количество оружје , меѓу кои и ракетен фрлач и калашникови.

Најдени биле и 650 000 евра во кеш , како и скапи часовници и облека. Истрагата за мафијашите дошла и до судијата.

Турпин за француските медиуми изјави дека нема никаква врска со нив.

,,Јас не живеам во Ноис–ле-Сек, немам станови или палати, немам ништо со овој случај “ , изјави судијата и се пошегува дека неговата професија е опасна.

притисни ентер