Видео: Трака меѓу Ламборџини и Порше на патека со чуден облик!!

„Ламборџини урис“ против „Порше 911 турбо“!

Интересно издание на популарната трка „ The Grand Tour" . Познатата трка на снег меѓу Ламборџини и Порше се одржа во Шведска.

Џереми Кларксон во Ламборџини урус се обидува да биде побрз од Еби Итон во Порше 911 турбо.

Борбата биле прилично напната , а големо влијание на тркачите имал и самиот облик на патеката.

Бебек заедно со Селма од песната на ,,Бијело Дугме” го прославија нејзиниот 90. роденден

Пејачот на легендарниот бенд ,,Бијело Дугме” , Жељко Бебек се дружеше со Селма од популарната песна.

Песната ,,Селма “ авторот Владо Дијак и го посветил на жена во која бил толку вљубен што од нејзиното патување на факултет направил една од најубавите љубовни песни. Селма Бориќ денеска има 90 години , а Жељко Бебек ја посети за да и го честита роденденот. Тој на социјалните мрежи ја објави и заедничката фотографија.

„Драга моја Селма го прослави својот 90-ти роденден… Среќен роденден од срце“, напиша Бебек на фотографијата каде заедно со Селма позираат заедно и пијат шампањ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

... moja draga Selma proslavila 90.ti rodjendan ... sretan rodjendan od 💝 #selma #bijelodugme #ononestonase

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek) on

Владо и таа се запознале во 1945 година.

"Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата наспроти. Тој ја кубеше тревата и ме гледаше цело време. Се чини дека тој беше заинтересиран за мене, а подоцна се запознавме на корзо. Еднаш ме сретна додека тргнував на пат, па го носеше куферот. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Имаше отворен прозорец и тој ми рече: „Селма, не се потпирај на прозорецот“ “, раскажа Селма пред неколку години за хрватските медиуми.

Таа призна дека многу ја сака оваа песна, но дека на почетокот никој не и верувал дека е посветена за неа. Владо никогаш не и признал на Селма дека е заљубен во неа, но подоцна рекол дека страдал четири години.

Галеб спасил Швеѓенец од шестмесечна затворска казна

Швеѓенец се спасил од сигурнио апсење , кога галеб му ја грабнал кесичката со марихуана и одлетал , додека му се приближувала полицијата.

Полицајците патролирале во цивилна облека на Фестивалот на културата во Гетеборг и виделе жена како слободно пуши марихуана. Додека оделе кон неа, забележале маж во нејзино друштво со кесичка марихуана.

Во моментот кога требале да му пријдат на мажот, долетал галеб и му ја грабнал кесичката на мажот . Така полицијата останала без доказ и не го казнила Швеѓанецот.

Инаку , во Шведска казните за ваков вид прекршок се ригорозни и се казнуваат со гоелми парични казни и затвор до шест месеци.

Жената не успеала да се спаси и била уапсена, а полицајците само можеле да го гледаат галебот како исчезнува со доказот за мажот.

Холивудска актерка тврди дека бакнежот со Бред Пит и бил одвратен

Бред Пит важи за еден од најголемите заводници во Холивуд , па сепак една д неговите колешки смета дека е одвратен.

Холивудската актерка Кирстен Данст се бакна со Пит во филмот „Интервју со вампирот“ во кој двајцата глумеа заедно со Том Круз.

Актерката имала само 11 години кога филмот е направен во 1994 година, а Пит имал 30 .

Во една сцена, Клаудија, што ја толкува Кирстен, се потпира и го бакнува Луис (Бред Пит). Бакнежот траеше кратко, но очигледно бил трауматичен за тогашната млада актерка.

„Да, беше одвратно. Јас сè уште го тврдам тоа. Би било уште пострашно за единаесетгодишно девојче да каже:„ Одлично беше “.

И додека долго време се обидуваше да го „избрише“ овој бакнеж од главата, Кирстен има само зборови со пофалби за нејзините колеги Пит и Том Круз.

„Беа прекрасни со мене. Ме третираа како да сум нивна сестра“, откри таа, додавајќи дека никогаш не работела на таков тежок филм.

притисни ентер