Заев: Успеавме од споредниот балкански колосек да се вратиме на главниот автопат кон Европа

На свечена церемонија денеска пред Владата на Република Македонија беше кренато знамето на НАТО.

-Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината,  не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја, рече премиерот Заев на церемонијата пред Владата по повод кревањето на знамето на НАТО.

Тој истакна дека денес со сигурност кажуваме дека нашата татковина е на вистински пат кон прогресот и непречен развој.

-Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении и се вративме на главниот автопат кон Европа, рече Заев и додаде дека во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојување на државата, во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, но и со брзината со која ќе ја стасаме таа цел, рече премиерот.

Заев оцени дека иднината веќе не ни е судбина, туку судбината ја земавме во свои раце и ја одредивме иднината.

Премиерот потеницра дека овие денови ја почнуваме следната комплексна етапа во изградбата на нашата држава според европските стандарди и оти никој веќе нема да не блокира од надвор. /МИА

Фото: Франција повторно на нозе, протести на „жолтите елеци“, апсења, пожари, судири...

Франција повторно е во знакот на протестите на движењето „жолти елеци“. 

На денешните протести кои се 23 по ред,граѓаните протестираат против економската политика на претседателот Емануел Макрон досега се уапсени околу 126 лица.

„Жолтите елеци“ протестираат денеска за да ја потсетат Владата дека обновата на изгорената катедрала Нотр Дам не е единствениот проблем кој што треба да се реши.

Според агенциските извештај денеска се уапсени околу 126 демонстранти.

Граѓаните денеска се поделени во неколку групи, во Париз се протестира пред министерството за  финансии и пред Нотр Дам. Полицијата спречила околу 200  демонстранти да влезат во Елисејската Палата.

Демонстрантите на неколку места се судриле со полицијата. Дел од нив фрлале кон полицијата со шишиња наполнети со непозната супстанца. Полицијата вратила со фрлање на солзавец.

-„Жолтите елеци“ сакаат да изразат незадоволство што за само четири дена биле собрани скоро милијарда евра за камења, а за сиромашните ништо, напишал на страницата на Фејсбук еден од водачите на „жолтите елеци“ со седиште во Монпелје.

Инаку, денешниот протест на „жолтите елеци “ низ Франција го обезбедуваат околу 60 000 полицајци.

Во КПУ Затвор – Скопје гласале преку 60 затвореници

Тековно и без проблеми се одвива гласањето во казнено-поправните установи низ земјава. Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица, од кои најголемиот број во КПУ Затвор-Скопје.

Претседателот на изборната комисија во КПУ Затвор – Скопје, Елвис Хајдар, за МИА информира дека гласачките места се отворени во седум часот утрово и гласањето се одвива без проблеми.

До 11 часот гласале 67 затвореници, додека тројца не гласале, бидејќи не биле на гласачкиот список.

Портпаролот на ДИК Љупка Гугуческа, на денешната прес-конфернеција,соопшти дека сите места се отворени навреме и гласањето во казнено-поправните установи тече без проблеми. 

Со големи мерки на безбедност во Косово вратени жени и деца на косовски џихадисти

Десетици жени и деца, членови на семејства на косовски џихадисти кои војуваа во Сирија, со авион се вратени на Косово, а целата операција е спроведена со големи безбедносни мерки.

Станува збор за 74 деца и 32 жени, како и двајца борци на Исламска држава... Според податоците на безбедносните служби, повеќе од 300 косовски граѓани, мажи, жени и деца, отпатувале во Сирија во 2012 година... Околу 70 мажи кои војувале од страната на исламистичките екстремисти се убиени во судирите.

Полицијата истакна дека околу 150 жени и деца, вклучувајќи и 60 деца кои се родени на бојно поле, се заробени откако џихадистичката група на т.н. Исламска држава почна да ги губи своите територии.

Косовските власти веруваат дека на воените боишта во Сирија се наоѓаат уште 30 косовски борци, како и 49 жени и 8 деца. Косовскиот министер за правда изјави дека на овој начин ќе им се пружи втора животна шанса. Но, тој додаде дека сите оние за кои има докази дека сториле некакво кривично дело, вклучувајќи ги и жените, ќе бидат кривично гонети. Американската влада го поздрави овој чекор на косовската влада.

притисни ентер