Фото: „Жешката“ Ирина Шајк без брус!!!

Оваа светска убавица не мора да биде облечена во раскошен фустан за да биде секси.

Руската манекенка Ирина Шајк повторно го покажа својот сексапил на црвениот тепих.

Убавата Ирина за разлика од другите дами кои се потрудиле да го предизвикаат вниманието со раскошни фустани, на црвениот тепих на доделувањето на „БАФТА“ наградите во Лондон се прошета во „машки“ костум без брустхалтер и повторно беше во центарот на вниманието.

Нетфликс воведува нова опција, избирањето на филмови и серии ќе биде полесно

Нетфликс има толку многу филмови и серии што тоа сериозно почнува да  пречи во сортирањето на содржините. Тие решиле да поработат на овој проблем.

Понекогаш може да биде многу тешко да се избере следната серија или следниот филм за гледање. Новата Нетфликс функција им помага на корисниците во тоа.

Почетниот екран на Нетфликс апликацијата сега ќе ги прикажува првите 10 најпопуларни содржини, но функцијата за жал е ограничена само за корисниците во САД. Лисата најпопуларни филмови и серии секојдневно ќе се менува во зависност од тоа што е најпопуларно на платформата.

Секако, ова се разликува од категоријата „trending now“, која варира од корисник до корисник. Доколку на корисникот не му одговара некоја серија која е високо рангирана во трендинг, помалку е веројатно дека Нетфликс ќе ја препорача, пишува „Gizbot“.

Дали и кога оваа функција ќе стигне во Европа, останува да видиме.

Фото: Рено го претстави електричното Твинго

Францускиот произведувач на купувачите им понуди електрична верзија од својот мал градски автомобил.

Рено Твинго спаѓа во класата возила чија електрична верзија и тоа како има смисла во пракса, со оглед на тоа дека ваквите автомобили најмногу прејдени километри остваруваат во урбани средини, каде загадувањето на воздухот заради издувните гасови е најголемо.

Така и Твинго „Z.E.“ ќе им се придружи на сличните модели кои веќе имаат свои електрични верзии, како што се на пример Фолксваген „e-up!“, Шкода „Citigo“ или Сеат „Mii Electric“. Базиран е на стандардното Твинго а го дели истиот погонски систем со Смарт  „EQ ForFour“.

Електромоторот произведува 81 коњски сили, што на автомобилот му овозможува од 0 до 50 км/ч да забрза за околу 4 секунди, додека максималната брзина изнесува 135км/ч.

Благодарение на релативно малата батерија од 22 kWh, која има маса од 165 кг, Твинго „Z.E.“ не е премногу тежок автомобил, па според „WLTP“ во град може да прејде и до 250 км.

Во комбиниран режим на возење (57% град, 25% приградско возење, 18% автопат), исто така според „WLTP“ стандардот, овој автомобил има автономија од 180км.

Што се однесува до дополнувањето на батеријата, кога целосно ќе се испразни, за полнење на домашен полнач од 2,3 kW потребни се дури 13 часа и 30 минути. Со дополнителниот „Wallbox“ полнач од 3,7 kW, кој исто така може да се инсталира во гаража, времето на полнење се намалува на 8 часа, а полначот со сила од 7,4 kW го скратува периодот на дополнување на 4 часа.

Од Рено наведуваат дека на полначот со капацитет од 11 kW полнење од 0-80% од капацитетот, трае 2 часа и 10 минути а на оној од 22 kW, вкупно 63 минути.

Рено Твинго „Z.E. “ има исто простор во кабината како и стандардната верзија а идентичен е и багажникот од 240 литри.

Францускиот произведувач ќе одржи премиера на овој автомобил на претстојниот саем во Женева а датумот за почеток на продажбата и цената на електричното Твинго за сега не се соопштени.

Фото: Трендсетерката Карлеуша се облекува од „Алиекспрес“??

Популарната пејачка Јелена Карлеуша која редовно  јавно се фали со својата скапа гардероба сепак не се облекува секогаш во гардероба што вреди илјадници евра.

Популарната Џеј Кеј се облекува кај Кинезите, информираат  нејзините фанови!??како доказ објавија и фотографија, целата комбинација ја платила околу 22 долари???

На познатиот сајт кој произведува ствари во Кина „Алиекспрес“ се појави модна комбинација идентична како онаа што ја носела Јелена Карлеуша на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.

притисни ентер