Доделени наградите „Најдобри спортски качувачи за 2018“

Со многу гости и вљубеници во спортското качување, Болдербар – Скопје беше местото каде што се одржа церемонијата на прогласување на најдобрите спортски качувачи за 2018 година.

Претседателот на Спортско качувачката федерација на Р. Македонија, г. Владимир Трповски и неговиот тим, ги наградија најдобрите натпреварувачи во конкретни категории од Националната спортско качувачка лига, во дисциплините болдер и водство на вештачка карпа, но и најдобрите качувачи на природна карпа. Меѓу другото, беа доделени дипломи и на новите инструктори по спортско качување.

За најдобри натпреварувачи во категорија јуниори беа прогласени: Игнат Санев – Астибо Штип, Доротеа Иваноска - Златоврв Прилеп, Михаела Санева – Астибо Штип, Васил Караѓозов – Астибо Штип и Цвете Јандреоски – Златоврв Прилеп.

Наградата „Спортски качувачи во категорија болдер на природна карпа“, им припадна на сениорите Марио Минчевски и Наталија Ристевска - СКК Вертикал Битола.

Најдобри спортски качувачи во категорија „Водство на природна карпа“, за 2018 се: Марија Тасева - СКК Матерхорн Охрид и Томи Јордановски - СКК Екстрем Скопје.

Исто така, претседателот на Спортско качувачката федерација на Р. Македонија, г. Владимир Трповски, ѝ додели благодарница и признание и на монахињата Ефимија од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ – Рајчица, како на поранешен истакнат член на македонскиот Национален спортско качувачки тим. На церемонијата на доделувањето на наградите беше упатена посебна благодарност и до Архимандрит Партениј и целото братство од Бигорскиот манастир, како и сестринството од манастирот во Рајчица, кои се големи поддржувачи на спортот. Спортистите се чести гости во нивните манастири.

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер