Вчера во Скопје казнети 73 возачи за брзо возење

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје санкционирани се 73 возачи за брзо возење.

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје санкционирани се 73 возачи за брзо возење, двајца биле под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и еден почетник, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои во две со лесни телесни повреди се здобиле две лица и во две е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала 100 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак" подигнати се 78 возила.

Од сообраќај се исклучени едно техничко неисправно возило и 15 нерегистрирани возила. На црвено светло поминале пет возачи, едно лице не носело зимска опрема во возилото, 30 за не носење сигурносен појас и 33 користеле мобилен телефон.

Санкционирани се и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна сообраќајна мерка на која ќе присуствуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи. /МИА

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер