ВМРО-ДПМНЕ: Алармантна состојбата во здравството, власта не презема ништо

СДСМ се плаши од народот и затоа бега од избори. СДСМ знае дека ќе изгуби поради сите антидржавни политики кои ги спроведоа изминативе две години со кои ја понижија државата.

Република Македонија во континуитет тоне со оваа власт и токму затоа СДСМ треба да смогне сили, да го стави државниот над партискиот интерес и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет.

Смената на СДСМ е единствениот начин како државата да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа. Сите сегменти од општеството тонат.

Здравството е на ниво на клиничка смрт. Секојдневно ни умираат пациенти од болести кои современите држави ги третираат со едноставни терапии или целосно ги искорениле.

Состојбата е алармантна, а власта ништо не презема.

Парите од здравството наместо да завршуваат за подобрување на здравствените капацитети, одат за милионски набавки за фирми блиски до врвот на власта, фирми каде газда е таткото, а ќерката директор на болница и фирми кои се основани непосредно пред да биде распишан огласот.

Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. СДСМ тоа не може да го овзможи. СДСМ мора да си замине. /МИА

Делови од Аеродром, Кисела Вода и повеќе скопски села утре без струја

 Корисниците од влезот во селото Радуша утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Бојане, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од селото Студеничани, од 10:30 до 12:30 часот корисниците од селата Горњани, Бањани, дел од селото Мирковци, Караула Рамно и хидроцентралата Хидро Инвест, а од 12:30 до 14:30 часот корисниците од селата Чардак, Глуво, Бразда, Горно Оризари и дел од село Мирковци.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат улиците „Јабланица" и „Саса" во Општина Кисела Вода, од 8:00 до 11:30 часот дел од улиците „Ваташа", „Жарко Зрењанин" и „Славка Димовска" во истата општина, од 8:30 до 14:30 часот улиците „Ѓорѓи Капчев" и „2", како и околните улици во општина Аеродром, од 9:00 до 15:00 часот караулата Радуша и селата Орашје и Дворце, а од 9:00 до 15:00 часот улиците „1", „4" и „6" во село Батинци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Ердоган стравува од можен нов бран бегалци од Сирија

Претседателот  Реџеп Таип Ердоган е на мислење дека  Турција  нема да може сама да се справи со уште еден бран сириски бегалци, пренесува ТАСС.

Според  него, престојот на бегалците на територијата на неговата земја не може да се смета како единствен начин за решавање на проблемот со сириските бегалци.

На почетокот на февруари, Ердоган предложи создавање бегалски градови во Сирија, кои би се состоеле од куќи од контејнери.

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Како водечка партија на Турците во Република Северна Македонија, пред извесно време излеговме со повик до другите турски партии и ја застапувавме идејата за заеднички кандидат на претстојните претседателски избори.

 Иако целта ни беше соединување на Турците во Република Северна Македонија, сепак се виде дека условите се` уште не се созреани за реализација на оваа мисла.

Концептот на „едно општество за сите" е витална компонента на нашето поднебје и со цел за зацврстување на овој дух органите на Партијата за Движење на Турците (ТХП) го прифаќаат ставот на коалицијата предводена од СДСМ за заеднички претседателски кандидат.

Заедничкиот претседателски кандидат треба да биде личност која ќе биде прифатен од широки маси и ќе ги обедини сите слоеви на нашето општество. Времето на поларизации и поделби е веќе минато и веруваме дека со кандидат кој ќе ги етаблира вредностите на соживот успехот ќе биде неминовен.

Партија за движење на Турците

притисни ентер