По деветте кандидати за претседател на РМ на огласот на ВМРО-ДПМНЕ, познат и првиот на СДСМ

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов е првиот кандидат за претседател на државата што објави дека ќе се пријави на партискиот оглас на СДСМ, што е отворен до 19 февруари. 

Се очекува до тој датум до партијата да пристигнат уште кандидатури со оглед на тоа што во јавноста веќе се вртат имињата на неколку можни кандидати, меѓу кои и на вицепремиерите и министри за одбрана и за внатрешни работи Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.

Одлуката со кој кандидат ќе влезат во претседателската трка, како што најавија од СДСМ, ќе биде донесена на 3 март на Конгрес.

Кандидатот за претседател на Република Македонија на оглас ќе го бира и ВМРО-ДПМНЕ. На огласот на партијата пристигнале 10 кандидатури од кои една по истекот на рокот, по што партијата ги објави деветте имиња на кандидатите од кои на конвенција на 16 февруари ќе изберат еден кој ќе влезе во трката за шеф на државата. Меѓу нив, се и универзитетската професорка Гордана Силјановска, Пратеникот Владимир Ѓорчев и Филип Петровски.

Иако ДУИ излезе со став дека на избори ќе одат со свој кандидат, премиеропт Зоран Заев неодамна повторно остави простор за можен договор за таканаречен консензуален претседател. Простор за соработка остави и ДУИ, од каде посочија дека иако имаат официјален став оти на изборите може да настапат со свој кандидат, сепак, оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение.

Дел од помалите партии најавија дека во трката за претседател на Република Македонија ќе влезат со свои кандидати.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на 8 јануари ги распиша претседателските избори, за кои првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај. Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.

Во врска со евентуалното одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските што ги бара опозицијата, владејачката СДСМ се уште нема донесено одлука, иако најавија, таа треба да се очекува многу скоро.

Се уште се прават анализи на аргументите за и против, велат од СДСМ и додаваат дека разгледувањето на аргументите трае долго затоа што државните интереси за СДСМ се секогаш пред партиските. Теснопартиски гледано на СДСМ му одговара да оди на предвремени парламентарни избори, посочуваат од партијата, но се анализира дали тоа ќе значи забрзување на процесот на развој на државата или закочување. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер