Српска пејачка во дружба со Џони Деп (ФОТО)

Џони Деп деновиве е во Белград на снимање на најновиот филм , а неговите фанови се надеваат дека ќе го сретнат некаде на улица или во ресторан.

Најсреќна беше српската пејачка Ивана Николиќ , која го сретнала славниот актер во ресторан , му пришла и го замолила да се фотографираат. Таа својата средба им ја раскажала и на медиумите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Pirates of the Caribbean 😅 same time,same place 🍾 #piratesofthecaribbean #johnnydepp

A post shared by Ivana Nikolic (@ivana_boom_nikolic) on

,,Му пријдов и го замиолив да се фотографираме. Седеше наспроти мојата маса.” , рече пејачката и раскажа дека Џони Деп и го дал неговиот меил , а таа му се пофалила дека нејзиниот бенд често настапува на Карибите.

,,Беше многу пристоен . Се надевам дека повторно ќе се сретнеме и дека ќе има можност да настапи со нас.” изјавила пејачката и своите фотографии ги објавила на Инстаграм.

Полицаец ја лажел јавноста дека е два пати погоден од снајпер

Властите на Лос Анџелес соопштија дека заменикот шериф , кој тврдел дека два пати е погоден со снајпер , лажел .

Заменикот шериф Ангел Реиноса , кој тврдел дека е погоден , си исекол две дупки во униформата за да изгледаат како да се од куршум , а потоа лажел дека е погоден.Тој учествувал во полициската акција во средата и се јавил за да им каже на колегите дека е погоден.

,,Погоден сум од северната страна на Ланкастер, ме погоди во десното рамо“, рече избезумено Реиноса на радиоврската.

„Кошулата ми е искината на десното рамо. Мислам дека пука со снајпер од прозорецот на станот“, зборувал полицаецот со испаничен глас.

Риноса денеска е ослободен од своите должности и се соочува со кривична пријава.

Бебек заедно со Селма од песната на ,,Бијело Дугме”, го прославија нејзиниот 90. роденден

Пејачот на легендарниот бенд ,,Бијело Дугме” , Жељко Бебек се дружеше со Селма од популарната песна.

Песната ,,Селма “ авторот Владо Дијак и го посветил на жена во која бил толку вљубен што од нејзиното патување на факултет направил една од најубавите љубовни песни. Селма Бориќ денеска има 90 години , а Жељко Бебек ја посети за да и го честита роденденот. Тој на социјалните мрежи ја објави и заедничката фотографија.

„Драга моја Селма го прослави својот 90-ти роденден… Среќен роденден од срце“, напиша Бебек на фотографијата каде заедно со Селма позираат заедно и пијат шампањ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

... moja draga Selma proslavila 90.ti rodjendan ... sretan rodjendan od 💝 #selma #bijelodugme #ononestonase

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek) on

Владо и таа се запознале во 1945 година.

"Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата наспроти. Тој ја кубеше тревата и ме гледаше цело време. Се чини дека тој беше заинтересиран за мене, а подоцна се запознавме на корзо. Еднаш ме сретна додека тргнував на пат, па го носеше куферот. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Имаше отворен прозорец и тој ми рече: „Селма, не се потпирај на прозорецот“ “, раскажа Селма пред неколку години за хрватските медиуми.

Таа призна дека многу ја сака оваа песна, но дека на почетокот никој не и верувал дека е посветена за неа. Владо никогаш не и признал на Селма дека е заљубен во неа, но подоцна рекол дека страдал четири години.

Галеб спасил Швеѓенец од шестмесечна затворска казна

Швеѓенец се спасил од сигурнио апсење , кога галеб му ја грабнал кесичката со марихуана и одлетал , додека му се приближувала полицијата.

Полицајците патролирале во цивилна облека на Фестивалот на културата во Гетеборг и виделе жена како слободно пуши марихуана. Додека оделе кон неа, забележале маж во нејзино друштво со кесичка марихуана.

Во моментот кога требале да му пријдат на мажот, долетал галеб и му ја грабнал кесичката на мажот . Така полицијата останала без доказ и не го казнила Швеѓанецот.

Инаку , во Шведска казните за ваков вид прекршок се ригорозни и се казнуваат со гоелми парични казни и затвор до шест месеци.

Жената не успеала да се спаси и била уапсена, а полицајците само можеле да го гледаат галебот како исчезнува со доказот за мажот.

притисни ентер