Жозе Мурињо си најде нова работа (ВИДЕО)

Жозе Мурињо најде нова работа, откако во декември доби отказ како менаџер на Манечетер Јунајтед . Тој ќе има своја телевизиска емисија на руската телевизија РТ.

Таму работеше Португалецот и минатата година кога како стручен коментатор го коментираше Светското фудбалско првенство.

,,Емисијата ќе понуди анализа на големиот португалски тренер во текот на неделите кога ќе се игра Лигата на шампионите. Покрај тоа, ќе има анализи и на најважните теми од светскиот фудбал.” соопштуваат од РТ.

Телевизијата веќе и го направи официјалниот трејлер на емисијата.

Скандал во Германија: Неонацисти ги навредуваа играчите на Бајерн

Втората постава на Бајерн беше навредувана на 3. натпревар на Бундеслигата во гости кај тимот на Кемницер ФЦ.

Натпреварот заврши изедначено 2:2 , a домашните навивачи во текот на целиот натпревар со расистички повици ги навредуваа играчите на Бајерн , каде има и црномурни играчи.

Во еден момент навивачите му се нафрлија и на директорот на нивниот тим , Томас Собоцик , нарекувајќи го ,,еврејска свиња”.

Фудбалскиот клуб веднаш по натреварот излезе со осуда и жестока реакција за ваквото однесување, а на играчите им забрани да пријдат до трибините и да им се заблагодарат на навивачите за поддршката .

Турците организираа неверојатен дочек за поранешниот напаѓач на Ливерпул (ВИДЕО)

Даниел Стариџ потпиша тригодишен договор со турски Трабзонспор , откако му истече договорот со Ливерпул.

Тој потпиша тригодишен договор со Трабзонспор, а шесткратниот шампион на Турција заврши на четвртото место на шампионатот минатата сезона. Неговите обожаватели беа воодушевени и подготвија огромен дочек и забава на аеродромот.

Стариџ постигна 67 голови за „црвените“ на 160 натпревари, а  ја започна својата кариера во Манчестер Сити пред да пристигне во Челзи во 2009 година,така што минал неколку одлични британски тимови во неговата кариера.

Тежок пад и драматична завршница на британското МотоГП (ВИДЕО)

Шпанаскиот мотоциклист Алекс Ринс од екипата на Сузуки е победник на дртаматичниот натпревар во МотоГП класата за големата награда на Британија на патеката Силверстоун.

Ринс во последните метри успеа да го помине светскиот првак Марко Маркез од тимот на Хонда и му ја однесе победата. На самиот почеток на трката Италијанецот Андреа Довизиосо , кој налета на паднатиот Француз Фабио Квартара.

Следниот натпревар ќе се одржи на 15 . септермври во Мисано , каде мотоциклистите ќе се натпреваруваат за големата награда на Сан Марино.

И покрај денешниот пораз, маркез е се поблиску до шестата титула на светски првак , со 250 поени , дури 78 повеќе од второпласираниот Довизиосо.

притисни ентер