,,Норвешките власти го прогласија конзулот Славомир Ковалски за непожелен и сега не може да ја врши својата должност. “ , објави на Твитер заменикот министер за надворешни работи на Полска , Симон Синковски.
Според портпаролката на норвешкото МНР , Кристин Ернстад , однесувањето на полскиот конзул не доликува на неговата функција и статус.
Ковалски беше вклучен во случајот на полски деца , сместени во норвешки установи и кои поради злоставување им биле одземени на родителите , полски државјани во Норвешка.
За норвешките власти , однесувањето на конзулот било насилно кон државните службеници , кои биле попречувани од него во вршење на работата , а воедно ја попречил и полицијата и ги занемерил нивните наредби.