Мбапе донирал 30 000 евра за наоѓање на Сала

И натаму не се знае како настрада фудбалерот на кардиф , Емилијано Сала, а телото на пилотот се уште не е најдено во водите на Ла Манш.

Авионот во кој се возеле Сала и пилотот , на враќање кон Кардиф од Нант , каде фудбалерот се простувал од својот тим пред преминувањето во англискиот , падна поради невреме во Ла Манш.  

За да продолжи потрагата , која траеше три дена , семејството на Сала побара финансиска помош. Беа собрани за само неколку дена 370 000 евра , најмногу од клубовите и фудбалерите.

Со истрагата, финансирани од овие средства  е пронајдено телото на Сала , како и авионот. По телото на пилотот Дејвид Ајботсон и натаму се трага , а до денеска од 7 илјади донации за оваа намена се собрани околу 170 000 евра.

Откако донира 30 000 евра за потрагата по Сала , фудбалерот Килиан Мбапе донира уште 30 000 за наоѓање на телото на пилотот Ајботсон. Својата донација ја потпишал под името Ели Лотин .

Целосното име и презиме на фудбалерот е Килиан Мбапе Лотин.

Избрано раководството на секцијата на спортски новинари при ЗНМ

Секцијата на спортски новинари при Здружението на новинарите на Македонија за раководител го избра Перо Момировски.

На изборното собрание на секцијата во просториите на Клубот на новинари во Скопје, денеска присуствуваа 40-тина спортски новинари.

Од ЗНМ, информираат дека меѓу првите активности со кои ќе се бави секцијата е подобрување на условите за работа на спортските новинари, преку олеснување на нивниот пристап до спортските активности и настани, како и унапредување на соработката со спортските федерации и клубови во државата и надвор.

На состанокот, исто така, било заклучено дека во наредниот период раководителот на секцијата ќе состави тим во кој ќе учествуваат уште неколку спортски новинари, со цел поефективна координација на ова тело во иднина.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ја поздрави иницијативата и порача дека само сложно и солидарно може да се подобри амбиентот во кој работат спортските новинари.

Од ЗНМ, информираат дека ова е втора секција во рамки на здружението, откако минатиот месец беше формирана секција на сниматели, а во иднина најавено е формирање на посебни секции на млади новинари и на истражувачки новинари.

Самсоненко се повлекува од РК Вардар

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко преку пишано соопштение најави дека од следната сезона нема да биде во можност да продолжи со финансирањето на Ракометниот клуб „Вардар“.

Тој ги повикува македонските бизнисмени да се приклучат кон финансирањето на ракометниот клуб.

– Од седуммте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот – пишува Самсоненко.

Тој вели дека добил ветувања дека за кратко ќе добие помош за ракометот, но дека помошта ја нема.

Судијата на натреварот меѓу Јувентус и Ајакс е вплеткан во мафијашка мрежа

Францускиот судија Клемент Турпин , кој го судеше натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ајакс ,доживеа кражба на идентитетот.

Според полицијата , криминалци пренеле големо количество дрога со автомобил Рено Лагуна , регистриран на Клемент Турпин.

Извесен дилер Мунир А. бил уапсен на 10 декември во Париз со уште три лица и обвинет за поседување големи површини под канабис. Кај нив било најдено и големо количество оружје , меѓу кои и ракетен фрлач и калашникови.

Најдени биле и 650 000 евра во кеш , како и скапи часовници и облека. Истрагата за мафијашите дошла и до судијата.

Турпин за француските медиуми изјави дека нема никаква врска со нив.

,,Јас не живеам во Ноис–ле-Сек, немам станови или палати, немам ништо со овој случај “ , изјави судијата и се пошегува дека неговата професија е опасна.

притисни ентер