Иванов: Четвртата индустриска револуција во фокусот на 10. Школа за млади лидери

Предизвиците што ги носи четвртата индустриска револуција и како да се биде успешен во оваа драстична промена во човековата цивилизација се во фокусот на Школата за млади лидери, што до 22 февруари се одржува во Струга.

„Промените и предизвиците се насекаде околу нас. Сето тоа што беше основа на третата дигитална револуција, денес е инфраструктура за новата револуција. Сите процеси кои беа аналогни и дигитални, сите оние начини на производство, на трговија, на купување, на администрирање и водење се соочуваат со големи предизвици. Секаде околу нас ги гледаме последиците од таа голема трансформација и дигитализација на општеството и на човековата цивилизација. Секојдневно преку вашите паметни телефони вие сте корисници на многу услуги кои ги креираат машините со вештачка интелигенција. Многу пребарувачи учат од вас и од вашите побарувања, за да го информираат алгоритамот кој ви излегува во пресрет на следното барање или следното истражување. Многу процеси се водени од роботи и се автоматизирани", рече претседателот Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери.

Според македонскиот претседател сиве овие промени се драстични за толку краток период и затоа е неопходна промена на целиот систем на едукација. Промена во сферата на образованието, промена во сферата на производството, на тргувањето, на услугите.

„Секој доколку има желба, може да биде дел од тие глобални платформи. Не да биде само пасивен набљудувач, туку и активен учесник, да дава свој придонес. Сега на интернет сите можат да комуницираат, да разменуваат искуства и знаење. За сите тие предизвици ќе ви помогнат предавачите на оваа Школа, ќе ви овозможат да навлезете во тајните на дигиталната трансформација на општеството, на економијата, дигиталната трансформација на биолигијата, на физиката, да ја сфатите моќта што ја носи блокчејн технологијата", истакна претседателот Иванов и додаде дека учесниците ќе бидат запознаени за сите нови работи кои ги носи оваа промена и како тие да успеат во тој нов свет.

Целта на Школата за млади лидери е да се создадат луѓе кои соработуваат, да се научат младите како да користат податоци, информации и како да пристапат до базите на податоци, порача претседателот Иванов.

„Во духот на оптимизмот, на креативноста и иновативноста ви посакувам успешно совладување на оваа обука, да стекнете многу нови знаења, многу вештини, многу пријателства и да сфатите дека секаде во светот системот на образование е критикуван и е во криза. Не е целта да создадете луѓе кои ќе се натпреваруваат, туку целта е да создадете луѓе кои соработуваат. Не е целта да ги научите луѓето како да меморираат, туку како да користат податоци, информации и како да пристапат до базите на податоци. Многу поголема вредност има социјалниот капитал создаден преку вмрежување, преку блискост, размена на искуства и сознанија", рече претседателот Иванов пред учесниците на годинашната Школа за млади лидери.

На годинешната Школа за млади лидери, што е лична иницијатива на претседателот Иванов, ќе учествуваат дваесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европа и светот, кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на Школата.

На свеченото отворање, покрај претседателот Иванов, се обрати и д-р Талал Абу-Газалех, претседател на Tag-org, глобална организација за професионални услуги и едукација, кој на претседателот Иванов му додели признание за неговиот придонес за новата генерација и за неговите постигнувања во Македонија и светот. На првиот ден од Школата за млади лидери предавање одржа г. Сани Шенер, извршен директор на ТАВ аеродроми, а се одржа и панел дискусија за предизвиците на 4-та индустриска револуција, тема што е во фокусот на десеттата Школа за млади лидери.

Меѓу предавачите годинава се г-ѓа Пинар Ајваз Арикан, Генерален Директор на Turkish Airlines во Скопје, г. Штефан Петер, Претседател на извршниот одбор на ЕВН Македонија, г-ѓа Фанија Самак од компанијата Микросам од Прилеп, г-ѓа Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, г-ѓа Љупка Арсова, Инженер за животна средина во Источната Истражувачка група, со седиште во САД, д-р Разије Невзат, Координатор на Одделот за социјални медиуми и дигитален маркетинг на Источен Медитеран Универзитет, г. Хозе Антонио Моралес, директор на Lincoln Island Initiatives, со седиште во Словенија, д-р Рашела Мизрахи од Бар Илан Универзитет, Израел, г. Методија Колоски, Претседател на Обединетата Македонска Дијаспора, г. Тонис Нирк, дипломатски претставник за дигитална економија од Естонија. Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Европа и светот.

Во рамки на одржувањето на 10. Школа за млади лидери, учесниците ќе го посетат новиот аеродром во Истанбул, отворен во октомври 2018 година, каде ќе бидат запознаени со неговото менаџирање како еден од најголемите аеродроми во светот, а ќе го посетат и седиштето на авиокомпанијата Turkish Airlines.

Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис ангели, а по тој повод оваа организација во 2018 година на претседателот Иванов му ја врачи наградата за Најдобар светски лидер кој инвестира во новата генерација, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Ученичка со тужба до директорот, кој ја удрил поради хиџаб - сега Франција ја тужи неа

Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи малолетничка затоа што лажно го обвинила директорот на нејзиното училиште дека ја удирал за време на расправија, откако таа одбила да си го отстрани хиџабот.

Според француските закони, носењето хиџаб и никаб во јавните институции не е дозволено, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги симнале шамиите.

Третата не сакала и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие функционери, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди за влез на исламисти во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило во МВР, јавува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

Според Би-Би-Си, политичарите и од левицата и од десницата изразиле огорченост што долгата кариера на професорот била скратена поради кампањата на омраза на Интернет.

Лидерот на десничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен, на Платформа Х рече дека владата не е во состојба да ги заштити француските училишта.

Борис Валод од Социјалистичката партија истакна дека ваквата состојба е „неприфатлива“, а дека оставката на директорот поради смртни закани е „колективен неуспех“.

Во одделен инцидент, неколку училишта во Париз беа принудени вчера да се затворат откако добија закани за бомби од наводни исламисти.

Минатата недела, околу 30 други училишта во областа Париз добија слични закани, придружени со видео од обезглавување.

Иако од инспекторите се бара сериозно да ги сфатат заканите, тие велат дека не можат да исклучат дека тие се дел од руска кампања за дезинформации.

Би-Би-Си објави дека Атал претходно овој месец предупредил дека Кремљ се впушта во „масивни напори за дестабилизација“ за да ја поткопа француската поддршка за Украина.

Родителите на Данка разделени од полицијата, противпожарно возило пред куќата

Трет ден од потрагата по малата Данка, двегодишното девојче кое исчезна во вторникот околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, во близина на градот Бор, во источна Србија.

Во моментот на исчезнувањето, Данка носела виолетови панталони и јакна во маслинеста боја. Мајката раскажала како Данка исчезнала од дворот на семејната куќа додека одела да му даде вода на постарото дете. Родителите биле сослушани во полиција, а мобилниот телефон на мајката бил одземен.

Вчера околу 17:30 часот полицијата го прекина пребарувањето на теренот. „Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата. Српските медиуми јавуваат дека полицијата сега има нова трага, која истрагата ја води подалеку од местото на исчезнувањето.

Според последните информации, родителите на Данка и денеска цел ден се во полиција на распит. Околу куќата каде исчезнало девојчето пристигнале багери, полиција и пожарникари. Досега полицијата сослушала повеќе од 50 лица.

Противпожарно возило под ротирачки светла пристигнало нешто пред 18 часот пред куќата во која последен пат била видена Данка Илиќ (2) во вторникот попладне. Новинарот на Телеграф кој е во Бањско Поље рече дека противпожарното возило набрзина поминало покрај просторот каде се наоѓаат новинарите и дека е пред куќата каде што прават нешто. Полицијата и противпожарните служби во текот на целиот ден го расчистуваат просторот околу куќата во Бањско поле. Телеграф јавува дека куќата во која исчезнала Данка е во многу лоша состојба.

Алекса Глушчевиќ од Планинската спасувачка служба на Србија за 24 часа раскажува колку е напорна потрагата по девојчето.

„Теренот е ридски, но нема многу косини. Поголем проблем беа деловите кои беа обраснати со густа вегетација. Полицијата веднаш нѐ повика на помош во вторникот попладне и 31 од нас дојдоа со три кучиња трагачи“, изјави Глушчевиќ.

Тој додаде дека на прв поглед можеби сѐ изгледало хаотично. Само тоа попладне во акцијата за пребарување учествувале околу 500 луѓе. Штом била воспоставена координација, вели тој, жандармеријата добро координирала сѐ и пребарале 10 квадратни километри.

„Беше напорно да се пребарува во текот на ноќта. Беше околу 10 степени, во неколку наврати ни заврна дожд. Четири-пет пати го минавме теренот. Покрај нас, го прегледаа кучиња трагачи, дронови и хеликоптер со термичка камера. МУП навистина ги користи сите можни сили за да го пронајде девојчето“, изјави Глушчевиќ.

„Според нашата статистика, дете до три години може да пешачи два до три километри и сето тоа го земавме предвид. Во моментот на потрагата таа не беше таму, иако е можно да може се појави некако.Ја испитавме секоја дупка.Пожарникарите го испумпаа секој бунар како што ќе погледнеше,секој водотек, одводна цевка под патот,секоја бразда во шумата беше прегледана.Ние дадовме се од себе,но и другите.Сите го прифатија многу сериозно“, вели Глушчевиќ.

Куќата што ја чистеше багер, каде исчезна малата Данка Илиќ (2), прво беше претресена со термо камера.

Два багери моментално се наоѓаат на нивата околу викендицата на Илиќ, во близина на која последен пат е видена малата Данка Илиќ (2), по која се трага веќе трет ден.

Како што јавија репортерите на Телеграф, двајца багери во моментов работат заедно на ископ на теренот, а како што неофицијално дознаваат куќата била опколена со депонија, па полицијата за полесни претреси го чисти овој простор. Сечат дрвја и го отстрануваат отпадот бидејќи околу куќата има депонија“, пренесува новинарот.

Полициски сили и пожарникари се во Бањско Поље, на терен околу викендицата на семејството Илиќ, а полицијата отвора шахти во околината.

Милош и Ивана Илиќ, родителите на исчезнатото девојче Данка, се во полиција од почетокот на потрагата и се сослушуваат за сите околности околу нејзиното исчезнување.

„Од утрово се вратија во полициската управа во Бор каде што се прават сите увиди за околностите под кои исчезна детето. Родителите синоќа беа разделени, секој беше во својот семеен дом и беа следени од страна на полицијата.Од утрово тие се повторно во полициска станица со работниците од Центарот за социјална работа кои присуствуваат на секој разговор“, изјави извор од истрагата. Тие од утрово се во станица, а МВР засега не соопштува под кои околности се сослушуваат родителите.

Дива свиња ненадејно се стрча и нападна човек, му ја гризе ногата (ВИДЕО)

На платформата ItemFix се појави следното видео со порака дека е снимено во Кина.

Инцидентот се случил на 24 март кога од никаде се појавила дива свиња која нападнала постар човек.

Вепарите обично влегуваат во урбаните средини во потрага по храна и се многу опасни. Не само поради острите заби, туку и поради силниот загриз.

Гледаме како животното во неколку наврати го соборило на земја несреќниот човек, го гризнало по нозете и телото, но се чини дека немал сериозни повреди.

Единствениот начин човекот да се одбрани било да ја удри свињата со стап, што на крајот го спасило.

Се чини дека напаѓачот добил доволно удари по главата, па го напуштил „местото на злосторството“ и исчезнало во блиската шума.

притисни ентер