ДЗС: Собранието ќе реши кои прашања ќе ги има во Пописот 2020

 Крајното решение за тоа кои прашања ќе бидат вклучени во Пописот што треба да се реализира во 2020 година ќе го донесе Собранието на Република Македонија со доенeсување на Законот за Попис 2020.

Истакнуваат од Државниот завод за статистика отфрлајќи ги како шпекулации сите тврдења дека следниот Попис на население ќе биде без прашањето за етничка припадност се шпекулации.

Во соопштението од Државниот завод за статистика стои дека во процесот на подготовка на претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2020, Државниот завод за статистика минатата година започна широка јавна дебата во однос на предложените решенија за прашањата што ќе бидат вклучени во Пописот, но и за организациско-техничките аспекти на претстојниот Попис.

-Во овие дебати Заводот, како професионална и стручна институција од областа на статистиката и единствено надлежна за спроведување на Попис на населението, ги даде своите предлози меѓу кои и предлогот пописниот образец да не го содржи прашањето за етничка припадност. Овој предлог е вклучен и во Предлог-законот за Попис кој беше ставен на јавна расправа, а и доставен до сите релевантни институции за забелешки и сугестии, наведуваат од Државниот завод за статистика.

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

Полицијата за прв пат употреби вистинска муниција и водени топови во Хонг Конг (ВИДЕО)

Полицаец пукаше од пиштол со вистинска муниција за време на денешните протести во Хонг Конг , кои ескалираа во бројни судири со демонстрантите.

За прв пат од почетокот на протестите во јуни , денеска полицијата употреби вистинска муниција, додека демонстрантите ги напаѓаат со шипки.

Полицијата во Хонг Конг денеска употреби и солзавец за да ги растера демонстрантите кои зазедоа улица во областа Цуен Ван. На тоа полицијата возврати со камиони со топови со вода за прв пат на протестите.

притисни ентер