Привремениот шеф на Пентагон во изненадувачка посета на Авганистан!

Вршителот на должност министер за одбрана на САД, Патрик Шехенен стигнал во изненадувачка посета на Кабул, Авганистан.

Привремениот шеф на Пентагон пристигнал во кабул со намера да ја процени моменталната состојба  во Авганистан, поради тоа што американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја повлече војската по 17 години војна.

Патрик Шехен за време на престојот во Кабул ќе оствари средба со претседателот на Авганистан Ашраф Гениј и командантот на американските здружени сили, генерал Скот ;Милер.

Посетата на првиот човек на Пентагон се поклопува со мировните преговори иницирани од САД меѓу авганистанските власти и Талибанците.

„Значајно е авганистанската влада да биде вклучена во преговорите кои се однесуваат на иднината на земјата. САД вложија многу во безбедноста на оваа земја, но, самите Авганистанци треба да одлучат за својата судбина“, истакна Шехенен.

Но, Талибанците одбиваат да преговараат со владата која според нив е „марионета“ на Американците.  

Трамп откри дека се близу до локацијата на третиот по ранг човек на ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД  ја знаат локацијата на третиот човек во џихадистичкиот команден ранг на Исламската држава, чиј лидер Абу Бакр ал-Багдади беше ликвидиран минатиот месец.

„Го држиме на око “, рече Трамп за „третиот човек“ одговарајќи на прашања по говорот во њујоршкиот економски клуб.

„Нивниот трет човек има многу проблеми затоа што знаеме каде се наоѓа“, рече Трамп.

По смртта на Багдади, САД и Турција започнаа да ги таргетираат неговите евентуални наследници и симпатизери и уапсија членови на семејството на Багдади во обид да спречат џихадистичката група повторно да се зајакне.

Трамп не ја идентификуваше новата цел. На почетокот на овој месец, САД соопштија дека вршат истраги за Абу Ибрахим ал-Хасеми ал-Кураиши, кој беше прогласен за нов водач на ИД.

Владата ги утврди идните заеднички приоритети на општините од Полошкиот регион со централната власт

Владата вечерва ја одржа својата редовна 165-та седница во Тетово, како втора од утврдените 10 седници што во наредниот период еднаш месечно, ќе се одржуваат во десет различни региони во државата.

Претседателот на Владата, Зоран Заев ја отвори седницата со централната точка на дневниот ред: Информација за состојбите и извршените посети во општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

Премиерот Заев се заблагодари до Општина Тетово и до градоначалничката Теута Арифи што за оваа цел ја отстапија салата за седници и ја овозможија логистиката за одржување на седницата.

Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на претседателот на Владата Заев на почетокот на седницата во целост:

„Им благодарам за присуството и на градоначалниците од овој регион, од општините Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

Вашето присуство вечерва тука е исклучително значајно за да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните од нивните заедници од прва рака, и согласно тоа да ги димензионираме нашите идни политики и одлуките за проекти кои може да се реализираат заедно со централната власт.

Оваа наша цел можеме да ја оствариме и врз основа на искуствата од бројните проекти што ги реализираше централната власт и што се од посебен интерес на граѓаните од полошкиот регион.

Таква инвестиција е изградбата на гасоводот на делницата Скопје-Тетово-Гостивар во должина од 76 километри, вреден 29 милиони евра. Целосно ќе биде изграден во 2020 година кога ќе го доведеме гасот до граѓаните и компаниите во Гостивар и Тетово со што значително ќе се намалат на трошоците на граѓаните и ќе биде од огромен придонес за намалување на аерозагадувањето.

Ја завршивме изградбата на филтер станицата на водоснабдителниот систем во Тетово со што градот сега се снабдува со квалитетна вода.

Заврши и рехабилитацијата на регионален пат Тетово-Попова Шапка во должина од 18,2 километри, инвестиција вредна 1,7 милиони евра и се подобри пристапноста до скијачкиот центар Попова Шапка за сите посетители.

Го рехабилитираме регионален пат Гостивар-Колари-Кичево и извршивме реконструкција на 5 мостови на оваа делница, и на патот до Охрид ја подобруваме безбедноста на сообраќајот за сите возачи. 

Со изградбата на водоснабдителниот систем на Општина Желино, создадовме услови за поврзување на 18 населени места во општината.

Во интерес на граѓаните спроведовме градежни работи и опремивме повеќе детски градинки во Општина Боговиње, во Општина Брвеница, во селата Неготино и Добридол во Општина Врапчиште, во село Прељубиште во Општина Јегуновце, како и во Тетово и Теарце.

За Гостивар во тек е изработката на проектот, а во селата на Општина Гостивар Равен и Форино се отворени центри за ран детски развој, исто како и во тетовските села Бродец и Гајре.

Министерството за труд и социјална политика отвора канцеларии Во 7 населени места во Полошкиот регион. Овие канцеларии се oд суштинско значење за граѓаните од руралните средини бидејќи директно ќе може да поднесуваат документи и да се информираат за остварување на правата од социјална заштита.

Вакви канцеларии се отвораат во: Боговиње, Брвеница, Гостивар, Јегуновце, Теарце и Желино.

Преку проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и ЕК, одобрена е техничката документација на Општина Тетово за набавка на автобуси.

Во март 2019 завршена е изградбата на ново училиште во село Гургурница, Општина Брвеница.

Министерството за финансии склучи договор за заем со Општина Тетово за „Изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато“  во Тетово во рамки на МСИП проектот.

Преку ИПА грант, министерството за финансии намени средства за набавка и инсталација на фотоволтаични системи во јавни општински објекти. Во Општина Тетово беа инсталирани фотоволтаични системи со вкупна моќност од 45kW на Филтер станицата за водноснабдителен систем, на Општинското основно училиште „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ во село Порој Средното училиште“7-ми Март“ во Тетово.

Со средства од Програмата за подобрување на општински услуги се финансира изградба на две филтер станици во село Неготино и с ело Добри дол во вкупна вредност од 31,1 милион денари за снабдување на квалитетна вода за 5223 лица од  Добри Дол, 1383 од Топлица и 3673 од Неготино.

Преку програмите на Министерството за култура е поддржано формирањето на новата национална установа-Гостиварски театар. Во тек се првите вработувања, а колку што сум информиран се работи и на првата премиера.

Во завршна фаза е карабината на нов објект во Тетово „Културно-образовен центар“ со нов театар и библиотека, а пред една недела беше положен камен-темелник за изградба на дом на култура во село Камењане во Општина Боговиње.

Од програмите за заштита на културното наследство во тек се истражувањата на Ѓоновичко кале, каде активно работат екипи од Конзерваторски центар – Гостивар, а привршија и подготовките за започнување на непосредни активности за заштита и конзервација на влезната партија на Тетовското кале.“

Во продолжение на седницата говореа градоначалниците и претставниците на општините од овој регион и беа утврдени насоките за остварување на тековни проекти кои се реализираат во соработка на локалните и централната власт и се презентираа идните приоритети кои главни се однесуваат на инфраструктурните проекти во патната мрежа, во образовните институции, како и во проектите за водоснабдување, канализационите системи и депониите за обработка на отпадот ,се наведува во соопштението од Владата.

Опозицијата на протест пред зградата на општина Тетово во пресрет на владината седница

Протест поради енормно загадениот воздух на улицата пред зградата на општина Тетово, вечерва одржаа граѓани по повикот на општинскито комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово. 

Поради одржување на владина седница нив не им беше дозволено протестот да го одржа пред зградата на општината, туку стотита метри подалеку.

-Денешниот протест е поради енормната загаденост која ја имаме деновиве. Општината и централната власт кажуваат дека загаденоста е поради реконструкција на улицата. Но, тоа не е вистина. Загаденост во Тетово имаме во интервал од 21 часот до 23 часот. Ниту општината ниту централната власт не преземаат мерки и ние вршиме притисок тоа да го направат. Во Тетово поради последици на загаден воздух има 261 лце починато што е најмногу во Македонија. а мерки нема никакви. Владата да преземе мерки, ако не ќе го повикаме целото население во градот Тетово на протест, изјави Ангел Карапетров, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.

-Изненадени сме посебно зошто градоначалничката Теута Арифи како жена не обрна внимание на хигиената и општо за здравјето на луѓето што е многу важно. Овде нема политика, овде има живот за сите граѓани подеднакво дали е воздух или друго мора да се обрне внимание, изјави Светлана Карапетрова.

Пред зградата на општина Тетово изјави дадоа и претставници на партиите Алијанса за Албанците и Беса кои исто така побараа Владата на седницата да даде одговор на нерешените проблеми на граѓаните. /МИА

притисни ентер