Фото: Селин Дион е анорексична

Светската музичка ѕвезда Селин Дион предизвика големо внимание во јавноста откако на една манифестација во Париз се појави во друштво на 16 години помладото момче Пепе Муњоз. 

На сите веднаш во очи им падна фактот дека Селин е преслаба.

Фановите на поп дивата  веднаш се загрижиле за нејзиното здравје, поради фактот што таа драстично ослабела, а гардеробата која ја носела таа ноќ уште повеќе ја истакнала нејзината слабост.

Според некои созданија, Селин Дион во моментов тежи околу 50 килограми.

-На граница на анорексија си, те молам води грижа за себе, се некои од многуте коментари на загрижените фанови на пејачката.

Мегапопуларната пејачка инаку , беше на работ на нервен слом по трагедијата која и се случи пред две години, кога во рок од само неколку дена ги загуби, сопругот, менаџерот, а потоа и братот.

Памела Андерсон збесна откако наместо за сиромашните , донациите се наменија за Нотр Дам

Актерката Памела Андерсон бесна ја напуштила хуманитарната гала претстава откако видела дека наместо за сиромашнитре деца , дел од парите се префрлаат за однова на катедралата Нотр Дам во Париз.

Памела Андерсон беше гостинка на синоќешната вечера на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј , каде се собирала помош за сиромашните деца од градот. наеднаш , во текот нa вечерта 100 000 од парите се намениле за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз. Андерсон , која е во врска со фудбалерот Адил Рами од Олимпик , не можела да издржи и бесно ја напуштила вечерата.

Таа подоцна напиша дека парите се неопходни за децата , а за Нотр Дам веќе има собрано над милијарда евра.

,,Бев толку лута и разчарана што го прашав Адил дали може да си одиме. И си отидовме.” , напиша Памела на Твитер.

Без да и одговори директно нa Памела , од клубот денеска објавија дека биле собрани вкупно 439 760 евра , а американскиот претседател на фудбалскиот клуб од Марсеј, Френк МекКорт веќе најави дека дел од парите има намера да ги донира за обнова на катедралата Нотр Дам.

Салма Хајек ја покажа ,,тајната” тетоважа на градите

Актерката Салма Хајек ги почести своите фанови на Инстаграм со интимна фотографија.

На фотографијата актерката е гола , а на левата града се гледа мала тетоважа на птица. ,,Мал поглед на тајната тетоважа на Соња Кинчад” , напишала актерката под фотографијата.

Познато е дека Селма Хајек нема вистинска тетоважа , па се претпоставува дека тетоважата е направена привремено за некој нејзин лик.

Салма во моментов снима акционен трилер во Хрватска заедно со Семјуел Л. Џексон и со Рајан Рејнолдс.

Најплатената манекенка на светот се обиде да им избега на папараците (ФОТО)

Најплатената манекенка на светот со капче на главата и во хеланки, се обиде незабележано да отиде на ручек во ресторан на Беверли Хилс.

Иако го криеше лицето со големите очила за сонце , папараците сепак ја препознаа Кендал Џенер. Таа очигледно ен размислувала за модни креации пред да замине на ручек.

Облечена во хеланки и без шминка, без градник под маицата , Кендал очигледно не очекувала дека некој ќе ја препознае.

Но , според Форбс таа две години едноподруго е прогласена за најдобро платена манекенка на светот , а една од најпрестижните ревии е онаа на Викторијас Сикрет.   

притисни ентер