Премиера на филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“

Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, синоќа беше премиерно прикажан на берлинскиот филмски фестивал во рамки на официјалната конкуренција.

Оваа приказна е снимена по веродостоен настан што се случил во Штип, кога жена скокнала по крстот за Водици во река, предизвика лавина од прашања за позицијата на жената во малите средини и воопшто за севкупниот менталитет на малите средини.

Сценариото е на Стругар Митевска и Елма Татарагиќ, а главната улога игра ја игра актерка Зорица Нушева која првпат се појавува на големото платно.

Што е Винил хлоридот складиран во „ОХИС“?

Токсичните закани кои демнат од фабриката ОХИС веќе четврти ден ги вознемируваат граѓаните на Скопје.

По инцидентот со излевањето на цистерната во дворот во која што претходно бил складиран отровниот Метил Акрилат Мономер јавноста дозна дека оваа фабрика крие и  уште  поопасен отров - винил-хлорид сместен во стара цистерна која претставува темпирана бомба, тврдат експертите за хемија.

Винил хлоридот, објаснува професорот од Институтот за хемија Јане Богданов, има реакција со воздух, светлина или при контакт со метали, и ако малку се изгуби контрола веднаш доаѓа до пожар или екполизија. Исклучително штетна е за здравјето на луѓето со високо канцерогени својства.

За безбедно отстранување на опасната хемикалија едно од најдобрите решенија според професорот Богданов е стручни лица постепено да ја третираат и со хемиски реакции да ја претворат во пластика, за што и примарно се употребува винил хлоридот.

Надлежните, од друга страна, тврдат дека и натаму бараат решение за отровот во ОХИС. Скопскиот градоначалник Шилегов уверува дека иако примарната  надлежност и одговорност ја има државата, Градот заедно со Министерството за животна средина преземаат чекори што е можно побрзо да се исчисти земјиштето од разните видови отрови распослани во дворот на фабриката за да не дојде до еколошка катастрофа.

Во меѓувреме, се уште се испитува еко-инцидентот во „ОХИС“ од петокот кога во кругот на фабриката  истече контаминираната вода од цистерна со високо токсична материја, прецизираат надлежните. Тврдат опасните хемикалии се под надзор, но потребен е елаборат за нивниот состав за да почне постапката за нивно дислоцирање.

Буџетот за следната година ќе „тежи“ 3,9 милијарди евра

Буџет тежок 3,9 милијарди евра скрои власта за наредната 2020 година. 

Планира да собере 3,6 млијарди евра, а останатите околу 300 милиони евра дефицит да ги финансира со кредитирање.  Овој буџет по обем е за 5 проценти поголем од годишниот.

Централно место во него ќе биде грижата за човечкиот капитал, вака премиерот Заев и министерката за финансии го претставија буџетот во кој две третини, или 2,5 милијарди евра, ќе одат за здравството, образованието и социјалната заштита. Кај сите три ставки има раст во однос на лани од 5 до 10 процетни.

Зголемувањето во нјаголем дел се должи на планираните покачувања на платите за наставниците за 10 % и здравтевните работници од 10 до 25 %. 

Од Владата уверуваат дека пари ќе има за се. Планирано е задолжување од околу една милијрда евра, но 700 милиони ќе одат на отплата на стари долговои, а 300-те милиони со кои ќе се покрива дефицитот ќе се трошат единствено за капитални проекти.

За капитални инвестиции, власта планира да потроши 374 милиони евра, односно на исто ниво како и годинава. Најмногу ќе се инвестира во железницата, автопатот Кичево - Охрид, пругата кон Бугарија, гасоводот.

Пари ќе има и за покачување на пензиите, за нешто над 700 денари. Премиерот уверува дека тоа нема да ја зголеми дупката во ПИОМ, туку напротив дефицитот во Фондот за прв пат оваа година почнал да се намалува. Годинава од буџетот биле префрлени 335 милиони евра, а догодина ќе се префрлат 313 милиони евра. Вкупно, за пензии во 2020 ќе се потрошат 1 милијарда евра, што е за 50 милиони евра повеќе од годинава..

Надлежните очекуваат невработеноста да падне на рекордни 16%, платите и бруто инвестициите да пораснат за 6%, цените да останат стабилни, а економскиот раст да достигне 3,8%.

Владина делегација на увид во работите на системот за наводнување Равен – Речица

Делегација од владини функционери денеска изврши увид во работите на системот за наводнување на земјоделско земјиште во полошкиот регион и оцени дека работите се одвиваат со задоволителна динамика.

Исен Џемаили министер за инвестиции, кажа увидот во работите на хидро-мелиоративниот систем е дел од активностите кои Владата ги спроведува пред седницата која треба да се одржи во Тетово. Тој напомена дека низ полошкот регион се испратени повеќе тимови, за да како што рече, да се добијат директни информации за работите кои се изведуваат и за потребите на граѓаните.

– Сакавме да се запознаваме со степенот на реализација на овој проект. Ни беше кажано дека досега се отворени 80 проценти од трасата, а од целокупнот проект реализирани се 20 проценти. Овој проект треба да се спроведува пет години, а за првата година овој степен на реализација е задоволителен, рече Џемаили.

Според Нефрус Челику државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, системот за наводнување Равен – Речица е исклучително значаен за земјоделците во полошкиот регион.

– Овој хидро-систем опфаќа површина од 3.200 хектари земјоделско земјиште. Тоа современ систем со капитална вредност која надминува 15 милиони евра. Придобивки најмногу ќе имаат земјоделците, рече Челику.

Тој напомена дека од областа на руралната инфраструктура во полошкиот регион државата издвоила пари за 19 проекти, некои се започнати, а за некои се чекааат процедурите за јавни набавки.

Според Славе Арсоски директор на ЈП Водостопанство, системот за наводнување Равен – Речица е дел од активностите на Владата за вложување во овој сектор, бидејќи како што нагласи, водата е неопходна за да се добие добар род и засејување на пвоеќе видови земјоделски култури.

– Очекуваме да се завршат и процедурите со експропријација на некои парцели, но работите течат со задоволителна динамика. Во моментов работиме на повеќе позначајни објекти, како што е браната Коњско, браната на Оризарска река, Јужно вардаска долина, во дебарскиот дел правиме систем со пумпна станица. Владата прави сериозен исчекор во овој правец и тоа го покажува на дело, подвлече Арсоски. /МИА

притисни ентер