Фото: „Најжешките “ настапи на Греми

Во Лос Анџелес  по 61 пат се доделени Греми наградите, главна тема по доделувањето на музичките награди се зошто главниот добитник не се појави на церемонијата и секако жешките настапи на Џенифер Лопез, Карди Би и Леди Гага.

Песна, снимка,  видео и рап настап  на годината е „ Тhis is America" на актерот Доналд Гловер кој настапува под името „Чилдиш Гамбино, но тој не се појави на доделувањето на Греми наградите во Лос Анџелес.

Гловер одбил да настапи и дојде на доделувањето на Греми наградите.

Но церемонијата во Лос Анџелес  сепак беше вистински спектакл, главни „виновнички“ за такво нешто беа „жешките“ Џенифер Анистон, Карди Би и Леди Гага.

Американска професорка снимена како извикува расистички коментари (ВИДЕО)

Наставничка од средно училиште во американската држава Пенсилванија е снимена додека извиклува расистички коментари , а ја снимил афроамерикански родител , кого таа го нарекла ,,црнeц”.

Инцидентот се случил во четвртокот пред средното училиште Дрексел Хил , а наставничката , која работела во училиштето од 2008 , е суспендирана , јавуваат денеска американските медиуми.

Во видеото објавено на Фејсбук, наставничката се гледа како го навредува родителот на нејзин ученик, лута затоа што тој и го оштетил браникот. Даниел Мек Гари, надзорник на средните училишта во округот Горн Дарби, рече дека имал средба со родителот и со наставничката по инцидентот. Тој рече дека однесувањето на наставничката е „длабоко вознемирувачко“ и додаде дека таа може да биде отпуштена.

„Мислам дека вакво однесување не треба да се толерира во нашето училиште или во нашата област“, рече Мекгари.

Познат актер се скрши пред камерите: Секоја ноќ плачам по неа! (ВИДЕО)

Британскиот актер и поранешен фудбалер Вини Џоунс (54) пред три емсеци остана без сопругата Танја, која почина на 54. годишна возраст по шестгодишна битка со ракот на кожата.  

Вини тешко се справува со загубата и признава дека ,,плаче секоја вечер '.

Во емотивно интервју за утринската програма ,,Добро утро Британија”, тој рече дека веста дека неговата сакана сопруга умира дошла како некој да го „удрил со чекан“.

 „Таа ме праша: Дали ќе внимаваш на мене? ' Реков дека ќе го сторам тоа, и за жал не можев да го исполнам тоа ветување “, рече тој во трогателното интервју кое никого  не го остави рамнодушен во публиката. И тие се расплакаа , а актерот доби бројни коментари за поддршка.

Тања на крајот од животот и напишала писмо на нивната ќерка Кали, кое потоа гласно го прочитала на Вини и остатокот од семејството.

"Таа ни порача да не тагуваме, таа ќе чека на нас. Затоа имам сега што да очекувам ", рече Вини. Тој додаде дека неговата сопруга била негова најголема поддршка, како и неверојатно убава жена.

Тој им порача на водителите дека зборува за неговата голема болка во јавноста затоа што сака да им помогне на другите кои се соочуваат со слични проблеми. „Се шетате среде најголемата трагедија во вашиот живот , а луѓето нормално одат на работа, се враќаат од работа, се туркаат во Старбакс“, рече низ солзи Вини.

Ердоган им нареди на сите од неговата партија да купат службен Пасат

Со вложувањето во Турција , Фолксваген доби посебни привилегии за што се ангажира и лично претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Откако германската компанија објави околу милијарда евра инвестиција за изградба на фабрика за автомобили во Турција, Ердоган реши да се заблагодари на свој начин. Тој одлучи сите официјални возила во партијата да бидат заменети со „Фолксваген Пасат“, кој ќе се произведува во Турција, пренесува „Блумберг“.

Поради оваа одлука, водечките партиски функционери ќе треба да ги заменат сегашните Ауди A6 со најновите модели на Passat. Иако станува збор за само 19 примероци, овој тренд се очекува набргу да стигне до државните институции, што значи илјадници примероци. На пример, весникот Созчу објави дека владата минатата година потрошила скоро 100 милиони американски долари за изнајмување возила.

Фабриката во близина на Измир ќе има капацитет од околу 300.000 автомобили годишно, почнувајќи од 2022 година. Пет илјади работници ќе произведат Passat и Skoda Superb, додека фабриката во Емден, Германија ќе се пренемени од Пасат во електрични модели.

И во Турција, пазарот на автомобили не напредува . Во првите седум месеци продажбата се преполови и падна од 481.982 единици во истиот период во 2017 година на само 212.605 единици оваа година.

притисни ентер