Тевдовски на конференцијата „Оданочување, праведност и економски развој" организирана од ФЕС во Eреван

 Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на конференција на тема „Оданочување, праведност и економски развој" организирана од германската фондација „Фридрих Еберт Штифунг", во Ереван, Ерменија.

Министерот Тевдовски, како што соопшти Министерството за финансии, ќе ги презентира македонските искуства во областа на даночната политика. Тој, исто така ќе учествува и на министерскиот панел, на кој ќе се дискутира за можностите за подобрување на даночниот систем на Ерменија. Тевдовски е дел од конференцијата поради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.

Министерот во текот на посетата ќе се сретне со вицепремиерот Мер Григорјан.

Реисот Сулејман Реџепи со албански пасош

Првиот човек на исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи и се заблагодари на Албанија што му го остварила долгогодишниот сон и му издала албански пасош.

-Особено ми е чест и сум задоволен што тоа се случи со поддршка на претседателот Илир Мета, човекот кој се грижи за Албанците каде и да се. Одговорните власти на албанската држава ми дадоа албански пасош за кој мислам дека е од голема вредност, без разлика дали е симболична или практична. Овој пасош е моја радост и остварување на долгогодишна желба, бидејќи со тоа се чувствувам поконкретно дел од мојата мајка-држава. Бог да го благослови претседателот Мета, бог да ја благослови Албанија, напиша реисот на Фејсбук за новиот пасош и новото државјанство.

Делови од Аеродром, Кисела Вода и повеќе скопски села утре без струја

 Корисниците од влезот во селото Радуша утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Бојане, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од селото Студеничани, од 10:30 до 12:30 часот корисниците од селата Горњани, Бањани, дел од селото Мирковци, Караула Рамно и хидроцентралата Хидро Инвест, а од 12:30 до 14:30 часот корисниците од селата Чардак, Глуво, Бразда, Горно Оризари и дел од село Мирковци.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат улиците „Јабланица" и „Саса" во Општина Кисела Вода, од 8:00 до 11:30 часот дел од улиците „Ваташа", „Жарко Зрењанин" и „Славка Димовска" во истата општина, од 8:30 до 14:30 часот улиците „Ѓорѓи Капчев" и „2", како и околните улици во општина Аеродром, од 9:00 до 15:00 часот караулата Радуша и селата Орашје и Дворце, а од 9:00 до 15:00 часот улиците „1", „4" и „6" во село Батинци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Ердоган стравува од можен нов бран бегалци од Сирија

Претседателот  Реџеп Таип Ердоган е на мислење дека  Турција  нема да може сама да се справи со уште еден бран сириски бегалци, пренесува ТАСС.

Според  него, престојот на бегалците на територијата на неговата земја не може да се смета како единствен начин за решавање на проблемот со сириските бегалци.

На почетокот на февруари, Ердоган предложи создавање бегалски градови во Сирија, кои би се состоеле од куќи од контејнери.

притисни ентер