Атина ќе го информира Скопје за ратификацијата на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО

Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, вчера ги појасни следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа.</

Атина денеска се очекува да испрати Вербална нота до Скопје со која ќе информира дека Грција го ратификуваше и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, најави вчера алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, вчера ги појасни следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа.

– Во понеделник ќе биде испратена Вербална нота што ќе информира за ратификацијата на договорот и во продолжение Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име. И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да фги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено, објаснува Катругалос, за грчката новинска агенција, пренесе МИА.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија за АНА-МПА, на прашањето дали од следната седмица соседната земја ќе биде обврзана да го користи новото име, одговара позитивно и додава дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа./МИА

Делови од Аеродром, Кисела Вода и повеќе скопски села утре без струја

 Корисниците од влезот во селото Радуша утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Бојане, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од селото Студеничани, од 10:30 до 12:30 часот корисниците од селата Горњани, Бањани, дел од селото Мирковци, Караула Рамно и хидроцентралата Хидро Инвест, а од 12:30 до 14:30 часот корисниците од селата Чардак, Глуво, Бразда, Горно Оризари и дел од село Мирковци.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат улиците „Јабланица" и „Саса" во Општина Кисела Вода, од 8:00 до 11:30 часот дел од улиците „Ваташа", „Жарко Зрењанин" и „Славка Димовска" во истата општина, од 8:30 до 14:30 часот улиците „Ѓорѓи Капчев" и „2", како и околните улици во општина Аеродром, од 9:00 до 15:00 часот караулата Радуша и селата Орашје и Дворце, а од 9:00 до 15:00 часот улиците „1", „4" и „6" во село Батинци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Ердоган стравува од можен нов бран бегалци од Сирија

Претседателот  Реџеп Таип Ердоган е на мислење дека  Турција  нема да може сама да се справи со уште еден бран сириски бегалци, пренесува ТАСС.

Според  него, престојот на бегалците на територијата на неговата земја не може да се смета како единствен начин за решавање на проблемот со сириските бегалци.

На почетокот на февруари, Ердоган предложи создавање бегалски градови во Сирија, кои би се состоеле од куќи од контејнери.

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Како водечка партија на Турците во Република Северна Македонија, пред извесно време излеговме со повик до другите турски партии и ја застапувавме идејата за заеднички кандидат на претстојните претседателски избори.

 Иако целта ни беше соединување на Турците во Република Северна Македонија, сепак се виде дека условите се` уште не се созреани за реализација на оваа мисла.

Концептот на „едно општество за сите" е витална компонента на нашето поднебје и со цел за зацврстување на овој дух органите на Партијата за Движење на Турците (ТХП) го прифаќаат ставот на коалицијата предводена од СДСМ за заеднички претседателски кандидат.

Заедничкиот претседателски кандидат треба да биде личност која ќе биде прифатен од широки маси и ќе ги обедини сите слоеви на нашето општество. Времето на поларизации и поделби е веќе минато и веруваме дека со кандидат кој ќе ги етаблира вредностите на соживот успехот ќе биде неминовен.

Партија за движење на Турците

притисни ентер