Потребни состојки: 1 крап, 1 кг.кромид, 3 китки магдонос, 2 чешни лук, 2 лажици црвен пипер, малку брашно, малку масло, сол и зачин од сув зеленчук по вкус.
Постапка:
Во тава со загреано масло се пржи исечкан кромид се додека не омекне.
Се додава 1 лажица црвен пипер и 3 китки сечкан магдонос.
Откако ќе се пропржат состојките се ставаат во тепсија.
Исчистениот крап се полни со половина китка магдонос и 2 чешни лук.
Потоа се става во тепсијата со пропржениот кромид и магдонос и се полева со вода.
Смеса од половина шолја масло и 1 лажица пипер се полева врз крапот.
Врз крапот се посипува малку брашно.
Тепсијата се покрива со фолија и крапот се пече опколу 20 минути во загреана рерна.
Потоа фолијата се отстранува и се продолжува со печење уште 20 минути.