Роберт де Ниро доживеа нервен слом пред суд во Менхетен (видео)

Актерот Роберт де Ниро вчера беше снимен пред суд во Менхетн, како нервозно се крие со весници и се расправа со шоферот по телефон бидејќи не го пречекал.

Де Ниро, кој го помина утрото во суд на рочиште за разводот од Грејс Хајтауер, беше забележан видно нервозен, најпрво како си го крие лицето со весници, а потоа луто разговараше со неговиот приватен шофер по телефон бидејќи наводно не бил на местото пред судот каде требало да го пречека. Актерот не штедеше ни пцовки.

„Не си напред! Не си таму каде што нѐ остави. На Ворт Стрит. Е*и се! Ќе ги видиш сите фотографи собрани тука. Ама не си таму каде што нѐ остави!“, неколку пати повтори актерот со висок тон.

Луѓето од неговата придружба се обидоа да го вратат назад во зградата на судот каде актерот претходно беше на рочиште.

Носителот на “Оскар” и од неодамна неговата поранешна партнерка водат долг развод, во кој не можат да се договорат за старателството над 7-годишната ќерка.

 

Зашов: Макрон допрва ќе го гради ставот за членство на Македонија во ЕУ

Амбасадорот во Франција, Благој Зашов смета дека средбата Пендаровски – Макрон нема да ја промени позицијата на францускиот претседател во однос на проширувањето на Европската унија.

Зашов смета дека изјавата на Вучиќ не е за потценување и дека е можно веќе во март следната година земјава да добие датум за преговори.

Стефанова не дава согласност за времен пасош за Камчев и за Панделевски

Обвинителката Лиле Стефанова не се согласува на Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“, да му се даде нов времен пасош. 

Негативното мислење Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска го доставило до скопскиот Кривичен суд. Нов времен пасош бараше и Цветан Панделевски, кој исто така е еден осомничените во случајот, но и за него мислењето е негативно.

-Надлежниот јавен обвинител кој постапува по предметот денеска го достави мислењето до Кривичниот суд. И за двајцата осомничени мислењето е негативно.- ЈОРМ

Камчев уште пред десетина дена доставил барање за нов времен пасош во траење од една година. Според информациите планирал да патува на закажани бизнис состанци во Швајцарија и Турција. На Панделевски пак времената патна исправа му била потребна заради лекување.

Дали двајцата осомничени ќе добијат времени пасоши, ќе треба да пресече Кривичниот суд. Камчев претходно доби времен пасош со одобрение на екс шефицата на СЈО Катица Јанева и тоа за период кој се однесува на случајот Рекет во кој сега е обвинета. Месеци подоцна, Стефанова, во чии раце повторно е истрагата за Империја, тврдеше дека била против мислењето на нејзината шефица.

Иако истрагата ја почна од почеток, истражните дејствија за Империја, како што информираа од Обвинителството, продолжија од каде што застанале со завршување на вештачењата но и повикување на сведоци. Станува збор за случај во кој осомничени се тринаесет лица за перење пари, кои според проценките ја оштетиле државата за над 10 милиони евра.

Собраниската расправа за нов заменик-министер за здравство ќе продолжи по паузата

Собранието на Република Македонија ја прекина расправата по точката за избор на заменик-министер за здравство на денешната 120-та седница и даде пауза до 15.15 часот.

Премиерот Зоран Заев го предложи д-р Арменд Арслани, специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.

Во образложението за назначување на Арслани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, Заев рече дека е во тек негово професионално и научно усовршување како специјализант по урологија и уролошка хирургија, а од 2018 е член на Управниот одбор на специјализираната болница по Урологија во Струга.

Заев посочи дека во текот на својата професионална кариера Арслани редовно посетувал специјалистички семинари и учестувал на студиски престои во земјата и странство, со што го усвовршува своето образование. Тој, како што рече Заев, од неговите работи поврзани со медицината се издвојува работата на преводот на Водичот на Европската асоцијација на уролозите, со што има придонесено во теоретската надоградба на оваа област.

Опозицијата за време на расправата ја обвини власта за лоши политики во здравството, како и за предизборно зголемување на платите на специјалистите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека не треба нов заменик-министер за здравство, туку нов министер за здравство, бидејќи како што рекоа, работата на Венко Филипче е скандалозна и на сите анкети граѓаните се незадоволни од неговата работа.

Според нив, највисоките претставници на здравството се зафатени со корупциски скандали и разликата меѓу нив е само во тоа што дали некој бил фатен или ќе биде фатен во примање поткуп.

Тие обвинија дека изградбата на новиот Клинички центар од 500 милиони евра е прескапо, истакнувајќи дека до крајот на изградбата би можел да достигне и до 700 милиони евра.

Тие побараа од власта и да преземе конкретни мерки против загадувањето, бидејќи 16.000 граѓани во државава, како што посочија, се директно здравствено засегнати од загадениот воздух.

Заев рече дека треба да се признае сработеното на оваа Влада, додавајќи дека целиот медицински персонал треба да се задржи и да се мотивира да остане во земјава.

Посочи дека зголемените плати на матичните лекари, специјализантите и на медицинскиот персонал се во период од две и пол години во мандатот на оваа Влада.

– Две години и пет месеци сум јас претседател на Владата, немав можност да бидам четири години колку што е мандатот на претседател на Влада, од некои просечни примања од 42 до 45 илјади денари, вкупни приходи со дежурства, успеавме да достигнеме специјалистите во Клиничкиот центар да имаат 100 денари со ова ново покачување заедно со дежурствата, тоа е големо покачување од 42 илјади на 100 илјади денари, рече Заев.

Премиерот информираше дека очекува реализација на капиталниот проект за новиот Клинички центар, согласно објавената динамика. /МИА

притисни ентер