ПИЛЕШКИ БАЛОТИН

Рецепт на: Хари Филевски

Потребни состојки:  1 копан со наткопан, 100 гр. печурки, 1 парче пршута, 1 главица кромид, неколку листови спанаќ, малку масло со лук, малку бибер, малку путер, малку маслиново масло, малку оригано, малку кора од лимон, малку магдонос, малку лимонов сок, неколку шери доматчиње и 2-3 лажици пире.

Постапка:

Копанот со наткопан се тенчи со внимателно чукање со дебело сукало.

Со помош на електрично сецко се сечкаат шампињоните.

Со нож се сечкаат пршутата и кромидот.

Во тава со загреано масло најнапред се пропржува кромидот а потоа се додава пршутата и малку масло со лук.

Се зачинува со малку бибер и се остава да се излади.

Во друга тава со малку путер и оригано  се пропржуваат шампињоните.

На штица со стреч фолија се става пилешкото месо.

Врз пилешкото месо се редат листови од спанаќ.

На спанаќот се реди пропржената пршута со кромид.

Врз неа се ставаат пропржените шампињони и со помош на фолијата се прави ролат.

Краевите од фолијата треба добро да се врзат за да не влезе вода во пилешкото месо при бланширањето кое трае 40-тина минути.

Откако ќе се избланшира месото се отстранува фолијата.

Жолтиот дел од кората на лимонот ситно се сечка.

Ситно се сечка и магдоносот.

Во тава со путер и малку маслиново масло се пропржува пилешкото месо од сите страни.

Месото се остава малку да одмори, а во истата тава се пропржува кората од лимон и магдоносот.

Притоа се додава малку масло со лук и лимонов сок.

Месото се послужува со неколку испечени шери доматчиња и пире.

Одозгора се полева со сосот од кора од лимон и магдонос.

Бизарно : Во Србија се одржа Гробаријада (ВИДЕО)

Со многу храна , пиење и торта во облик на мртовечки сандак во српскиот гард Пожаревац се одржа бизарната манифестација – Гробаријада.

Облечени како за на бал, гостите се собраа во Пожаревац, за да ја прослават по 10. пат својата професија.

Организаторот , Радиша Михајловиќ, познат по името Дренда, станал познат кога го возел погребно возило со телото на Слободан Милошевиќ од Белград до домот на семејството Милошевиќ во Пожаревац, во чиј двор е закопан.

Милошевиќ почина во Хашкиот затвор без да добие пресуда за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото во војните за време на распадот на Југославија.

 „Гледате во тажни сцени цела година во овој бизнис, така што ова е начин накратко да се заборавиме. И ние имаме чувства “, вели 66- годишниот Михајловиќ, кој се подготвува за пензија.

На самиот почеток на забавата, организаторите изнесоа голема торта во форма на ковчег. Додека гостите се смееја , Михајловиќ ја прободе тортата со глогов колец , традиционално „оружје“ против вампирите.

,,Наполеон” , кој си ја распарчи младата љубовница, се распадна во судницата (ФОТО)

На рускиот историчар кој призна дека ја убил и распарчил својата љубовница и студентка , му е одреден истражен затвор , а во исто време јавноста бара да се истражи неговото однесување и кон други студентки.

Олег Соколов, истакнат стручњак за Наполеон, во саботата беше упсен покрај  реката Мојка со ранец во кој имало отсечени женски раце.

Судот во Санкт Петербург вчера му одреди две месеци затворска казна по убиството на неговата 24-годишна партнерка и негова поранешна студентка , Анастасија Јешченко.

Соколов, професор на престижниот државен универзитет во Санкт Петербург, призна дека ја убил и распарчил девојката. Против него вчеравечер беше поднесено обвинение.

„Јас сум скршен поради тоа што се случи, се каам“, рече Соколов на суд.

Блед и неизбричен, 63-годишниот професор неколкупати сед расплака.

Тој живеел со Анастасија Јешченко последните неколку години.Полицијата, пак, пронајде повеќе остатоци од нејзиното тело во реката, пренесе Интерфакс.

На судот, Соколов се обиде да ја префрли вината на жртвата, кажувајќи му на судијата дека таа полудувала секој пат кога тој зборувал за своите деца од претходниот брак и дека го нападнала со нож.

Соколов е автор на  неколку книги за францускиот император Наполеон Бонапарта и честопати водел историски сцени од неговата војна против Русија. Награден е со највисок француски орден  - Легија на честа.

Тој и Јешченко напишале низа дела заедно и сакале да носат облека од тој период, а  Соколов често  се облекувал како Наполеон.

Јашченко, наводно, била убиена со огнено оружје за време на расправијата, по што професорот и ги отсекол главата, рацете и нозете.

Откако се ослободил од деловите од телото, тој наводно планирал да се самоубие во тврдината Петропавловск  во униформа на Наполеон.

Овој ужасен случај го привлече вниманието за сексуалната злоупотреба и насилството врз жените во Русија, вклучително и на универзитетите .

Сега се појавуваат приказни дека Соколов претходно ги злоупотребувал своите студентки.Универзитетот вчера објави дека Соколов ќе биде отпуштен поради „монструозното злосторство“.

Повеќе од 30.000 луѓе потпишаа петиција преку интернет, во која ги повикуваат властите да ја испитаат администрацијата на Државниот универзитет во Санкт Петербург.

Во петицијата се тврди дека Соколов се однесувал „монструозно“ и објавија изјава од студентка која рече дека ја тепал во 2008 година, се заканувал дека ќе ја запали со жешко железо и ќе ја убие.

„Убиецот успеа да избегне казна од непознати причини“, се вели во петицијата и се додава дека полицијата, која ја игнорирала пријавата на жената, исто така треба да биде под истрага.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така студираше на овој Универзитет.

Кремљ вчера го нарече убиството на Јешченко „монструозно дело на лудило“, но се обиде да го прикаже како изолиран случај.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, одби да ги коментира извештаите за злоупотреби на руските универзитети, прашувајќи: „Каква врска има тоа со претседателската администрација?“

Русија нема конкретен закон со кој се казнува семејно насилство или сексуална злоупотреба на работното место, а феминистичките движења како #MeToo имаат многу мало влијание во земјата.

Мерцедес најави откази за менаџерите , нема добри вести ниту за 300 000 работници

Како и поголемиот дел од автомобилската индустрија, и Дајмлер се бори со опаѓањето на продажбата  како резултат на рецесијата, а има и стандардни проблеми како повлекување на модели и казни за дизел моторите со прекумерна емисија.

Еден од начините за борба против ваквите проблеми е да се заштеди, што во превод значи затегнување на ременот за работниците, како и за менаџерите. Во Дајмлер товарот на рецесијата веројатно ќе го почувствуваат сите вработени. Со овој план за штедење , Дајмлер ќе го намали бројот на раководни позиции за 10% или ќе отпушти околу 1100 вработени на раководни позиции. Покрај тоа, месечниот додаток за останатите 300.000 работници во Германија ќе биде замрзнат. Веста беше објавена од германскиот „Зидојче Цајтунг“, а потврдата дојде и од Ханделсблат и германската новинска агенција ДПА.

Дејмлер засега ги демантира отпуштањата, но веста се очекува да ја објави во четврток првиот човек Ола Калениус . Наводно, тој ќе ги замоли работниците да не бараат покачување на платите до следното известување, сè додека не се отстранат последиците од споменатите проблеми со дизел моторите , скапите повлекувања на модели и пазарните предизвици.

Познато е дека трошоците за повлекувањето на 60.000 примероци на дизел моделот GLK, поради преголема емисија достигнаа 2,6 милијарди евра. Значи, не треба да изненадува што во вториот квартал Дајмлер претрпе минус од 1,2 милијарди евра, за прв пат по десет години.

притисни ентер