Почнува претседателската трка, првиот круг на 21 април, вториот на 5 мај

Се поизвесно е дека на пролет ќе се трчаат само претседателските, а не и парламентарни избори.

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со уште еден повик до Заев да се оди и на предвремени парламентарни убедувајќи дека математиката се уште ветува дека може да се запазат скратените рокови.

 Па така според него на вториот круг од претседателските ќе се оди и на предвремени парламентарни.

Но од Бихаќка, нема одговор кога партијата ќе ја одржи седницата на Извршниот одбор за да изгради став по ова прашање, иако имаше најави дека тоа ќе се затвори до крајот на неделава.

 Партијата на власт се уште ги крие и адутите за шеф на државата, што најверојатно ќе се држи во тајност до партискиот конгрес  што треба да се одржи на 3 март. Претседателот на социјалдемократите и премиер Зоран Заев вчера рече дека се уште е во игра и опцијата за заеднички консензуален кандидат со ДУИ.

Првиот круг од претседателските избори кои собранискиот спикер Талат Џафери ги распиша вчера ќе се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Опозицијата веќе ги објави можните имиња за иден шеф на државата.

Меѓу деветмината кандидати, најзвучни се имињата на професорката Гордана Силјановска Давкова и пратеникот Владимир Ѓорчев. 

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер