Американец нашол глушец во милкшејк на Мекдоналдс

Американец од Охајо на суд бара обештетување од Мекдоналдс , зашто во чоколадниот милкшејк нашол жив глушец.

Американецот од државата Охајо , 43 годишниот Кенет Мојер бара обештетување од Мекдоналдс од 100 000 долари , зашто во милкшејкот нашол жив глушец. Тој тврди дека испол повеќе од половина од пијалокот , кога видел што пие.

Градежниот работник од Охајо го купил пијалокот на 15 декември во градот Акрон. Го пиел милкшејкот , кога му станало сомнително што цевчето цело време му се затвора.Затоа го оставил пијалокот во возилото.

Ја одвел дома пријателката , кога забележал дека во чашата нешто се движи. Кога го тргнал капакот видел жив глушец , од што паднал болен и повраќал.

Отишол во Мекдоналдс и му се пожалил на менаџерот, а тој му рекол дека самиот го ставил глушецот во чашата. Подоцна ја смрзнал чашата заедно со глушецот и му ја дал на адвокатот за да ја носи на тестирање.

Од Мекдоналдс за сега велат дека спорот ќе падне , зашто градежниот работник ја оставил десет минути чашата подалеку од него.

Пациентите со спинална мускулна атрофија го добија лекот „Спинраза“

Деветмесечно бебе со спинална мускулна атрофија го доби лекот „Спинраза“, бебето е привот пациент кој го прими овој лек што значи продолжуавње на животот и но и поквалитетен живот. 

Лекот е даден на клиниката за детски болести.

Во Македонија седум пацинети од различна возраст треба да го примаат лекот. Министерот  посочи дека зголемен е буџетот на програмата за ретки болеси и ова е шести лек за две години.

Спинална мускулна атрофија евродена и ретка прогресивна невромускуларна болест и предизвикува мускулна атрофија и слабост кои може да бидат живото загрозувачи  компликации како проблеми со дишењето и голтањето.

Фото: Киа ја откри новата Оптима

Корејскиот произведувач објави фотографии и технички детали од моделот К5, во Европа познат како Оптима.

Како што и претходно беше најавувано, од Киа значително стилски ја унапредиле својата лимузина од средната класа. На јавноста и е претставена верзијата К5 која од декември ќе се најде во продажните салони во Јужна Корејам додека Оптима за Европа, за која се верува дека ќе изгледа исто како корејската верзија се очекува во 2020.

Дизајнот на надворешноста е помодерен, а автомобилот има понагласени спортски линии во споредба со претходникот.

Оптима порасно во должина за 50мм (на 4.905мм) а во ширина за 25мм(1.455мм) во однос на претходникот.

За поголема удобност во патничката кабина ќе допринесе зголемувањето на меѓуосовинското растојание за 45мм, па растојанието меѓу задните и предните тркала сега е 2.850мм.

Основната верзија во Кореја ќе биде опремена со 16 инчни алуминиумски бандажи, а купувачите ќе имаат можност да доплатат и за поголеми 17,18 или 19 инчни бандажи.

Киа не објави фотографии од внатрешноста на автомобилот, но на еден од дизајнерските цртежи е прикажан ентериерот на новата Оптима.

Внатрешноста секако ќе иде луксузна и нешто поблиска до премиум квалитетот отколку досега.

Што се однесува до моторизацијата, корејскиот произведувач допрва треба да објави детали за погонските единици кои ќе се вградуваат во овој модел.

Вебер: Корина ја крие вистината за здравствена состојба на Михаел!!

Сопругата на Михаел Шумахер, Корина  ја крие вистината, тврди менаџерот на седумкратниот светски шампион во Формула 1.

Менаџерот на легендарниот Шумахер, Вили Вебер тврди дека сопругата на Михаел, Корина ја крие вистината за вистинската здравствена состојба на нејзиниот сопруг.

Менеџарот Вебер, на кого му е забрането да го посетува Михаел Шумахер  тврди дека Корина се плаши дека се ќе излезе на виделина.

„Жалам што не можам да го видам, да му ја стиснам раката. Не знам во каква состојба е во моментов. За жал Корина ја одби мојата молба да го посетам, очигледно дека се плаши да не се дознае правата вистина. Искрено се надевам дека Михаел ќе биде добро, тој е голем борец. Ако има и најмала можност, тој ќе ја искористи“, изјавил Вили Вебер.  

притисни ентер