Пеп опцу пред новинарите поради ,,излетот” на Менди (ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер Сити , Бенџамин Менди уште еднаш успеа да го изнервира тренерот Пеп Гвардиола.

По доаѓањето во Манчестер Сити во 2017 , Менди повеќе време помина на клупа или на опоравување од повреди , отколку во игра.

Тој беше многу пати казнуван и за прекршоци надвор од теренот , а сега успеа толку да го разлути Пеп , што тој опцу среде прес конференција. Кога го прашаа што прави фудбалерот во Хонг Конг , Пеп беше шокиран.

,,Ми кажа дека оди на еден ден во Париз , што е во ред , ама за Хонг Конг не знаев. Ќе треба да инсталирам Инстаграм за да ги следам играчите.” одговори Гвардиола , кој опцу на почетокот на одговорот.

По извесно време се огласи и фудбалерот , кој му напиша на Пеп дека се шегувал со возачот на Убер и дека не сака проблеми.

Игуаин го прослави голот на градите на навивачка (ВИДЕО)

Гонзало Игуаин бурно го прослави голот против Барнли.

Аргентинецот бурно го прослави голот со кој Челзи го изедначи резултатот на 2:2. По постигнатито гол , кој му е четврти во синиот дрес оваа сезона, Игуаин се фрли кон публиката.

Во тој момент одбра една од навивачките и буквално и се фрли на градите. Ова видео денеска беше вистински хит на социјалните мрежи , каде се води расправа дали девојката го повлекла Аргентинецот на градите или тој самиот ја избрал и и се нафрлил.

Вардар со неизвесност за иднината го дочекува ПИК Сегед

Вардар одржа прес-конференција по повод четвртфиналниот натпревар со ПИК Сегед в четврток, но многу пообемна тема на средбата беше најавата на Сергеј Самсоненко дека ќе го напушти клубот.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека нивната судбина е неизвесна, но важното е дека сега тие сето тоа го ставаат на страна и се фокусираат на натпреварот со унгарскиот шампион.

Солскјер најави чистка по дебаклот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл денеска против Евертон од кого загуби со 0:4.

Ова беше најголемата победа на Евертон против Манчестер Јунајтед од 1984 година кога изгуби со 5:0. По овој резултат е јасно дека магијата на Оле Гунар Солскјер исчезна, откако Норвежанецот го замени Мурињо на чело на тимот пред крајот на минатата година.

Јунајтед славеше на 10 од првите 11 натпревари со него на клупата. Но , сега Јунајтед пропаѓа и загуби шест од последните осум натпревари.

Солскјер , за да ја смири својата и лутината на навивачите , најави дека од сдледната сезона голем број од фудбалерите на Јунајтед нема да играат во тимот.

притисни ентер