Препукувања меѓу Ципрас и Каменос во грчкиот Парламент

До неодамна коалициските  партнери во грчката влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос, си упатија остри обвинувања и критики за време на расправата во грчкиот парламент за ратификација на Протоколот за членство во НАТО. 

Каменос обвини дека тие се замолчени, Ципрас му порача дека не дозволил да стане новиот Самарас.

Лидерот на Независни Грци, кој сам од парламентарната говорница рече дека неговата партија ќе остане без пратеничка група и денес говори последен пат како претседател, му се обрати на премиерот велејќи му дека тие решиле да ги замолчат.

-Како што гледате, денес по мојот говор и веднаш по бришењето на Папахристопулос, беше одлучено Независни Грци да немаме право на збор, на учество во комисиите, правото да постоиме како пратеничка група, рече Каменос во неговиот говор.

Претседателот на Независни Грци истакна дека можеби уште вечерва ќе ја достави неговата оставка од позицијата пратеник додавајќи дека „можеби тоа е најдобро за да сфатите дека постојат луѓе што не се интересираат за фотелјата".

-Сакам да знаете дека нашата егзекуција не значи многу работи, очигледно за вас не значи апсолутно ништо, покажавте дека сте многу ладнокрвен егзекутор, но егзекуцијата на Македонија значи многу. Егзекуцијата на Македонија која не беше вклучена во нашата владина програма, за нас значи многу повеќе, рече Каменос.

Грчкиот премиер во продолжение зеде збор за да му одговори на Каменос.

-Ќе ми бидете благодарен што навреме го сфатив вашиот политички план да ја турнете владата што ја поддржувавте четири години пред едно национално прашање. И ќе ми бидете благодарен што не дозволив, што спречив во историјата да се запишете како еден нов Андонис Самарас. И мислам дека ќе ми биде благодарен и голем дел од грчкиот народ и левичари и десничари бидејќи храбро, смело, решително продолжив напред за да решам едно прашање во корист на националниот интерес во корист на татковината, порача Ципрас./MИА

Пендаровски во Прилеп: Не смееме да дозволиме да се вратиме назад во времето на Груевски

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во Прилеп потсети на времето на Груевски и рече дека не смееме да се вратиме назад.

Пендаровски ги повика прилепчани да гласаат во вториот круг на изборите за него, зашто само со концептот Зедно може да се оди напред кон ЕУ и НАТО.

Големи шумски пожари пустошат низ Норвешка (ВИДЕО)

Стотици луѓе се евакуирани од домовите поради големите шумски пожари на северот на Норвешка.

Само во малото гратче Сокндал се евакуирани 150 домаќинства , каде пшожарот во тој регион беснее од вчера. Пожарникарите велат дека пожарите и натаму се надвор од контрола , поради силниот ветар што го разгорува.

Норвешките власти се загрижени поради пожарите , не само за уништените големи површини под шума , туку зашто никогаш претходно немало шумски пожар во овој период од годината , особено на северот , каде претходните години се уште имало снег.   

Оштетени голем број објекти при деактивирање на бомба од Втората светска војна

Во германскиот град Регенбург денеска беше деактивирана биомба од Втората светска војна на самото место .

Неколку илјади жители во тој дел на Регенбург биле евакуирани , пред да се изврши контролираната детонација на бомбата тешка 250 килограми. Од полицијата соопштуваат дека при детоинацијата на бомбата се оштетени голем број станови и фасади на деловни и стопански објекти во околината.

Бомбата била најдена во близина на пристѕаништето на реката Дунав , а експлодирала во раните утрински часови . Поради оштетениот дел за активирање , не било возможно бомбата да се пренесе на друго место , а детонацијата се слушнала во целиот град.

Жителите негодуваат зашто речиси секојдневно при градежни работи се наоѓаат неексплодирани бомби од Втората светска војна.

притисни ентер