Најскапата Лада е пуштена во продажба (ВИДЕО)

Автомобилот Лада со години е предмет на исмевање, но поедини модели може да им конкурираат и на западните.

Таков е и моделот Веста , а најдобра варијанта е моделот Спорт. Привлечноста не може да му се оспори , било надворешно или според внатрепната опременост.

Со речиси 200 нови делови , спортската Веста доаѓа со клима , темпомат , аудио систем и греење на предните седишта.

Има дури и камера за возење наназад , мултимедија и греење на предното стакло , а со последните три додатоци ја прават Веста за 600 евра поскапа од основната цена од 14 000 евра.

Моторот е 1.8 бензински со 145 Кс , со кој Веста стигнува од 0-100км/час за помалку од 10 секунди со максимални 200 км/час.  

Видео - Фото: Џеј Ло на шипка,подготовка за улога во филм!!

Вака една од најпосакуваните и најатрактивни жени на светот се подготвува за улогата во новиот филм.

Таа се мачи јавноста и медиумите уживаат.

Светската ѕвезда Џенифер Лопез  објави видео од пробата за снимање на поедини сцени во новиот филм. Станува збор за филмот „ Hustlers".

Џеј Ло  започна да учи да игра на и околу шипка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Jennifer Lopez a lezione di pole dance: a 49 anni è più sexy che mai @jlo @blitztvit #jlo #blitztv #poledancelife

A post shared by BlitzTV (@blitztvit) on

Фото: Линдзи Вон во бело

Сите гледаа во неа, легендарната американска скијачка , големата шампионка Линдзи Вон предизвика воздишки на доделувањето на Лауреус наградите.

На церемонијата на доделување на  годишните награди на најдобрите светски спортисти во организација на академијата Лауреус , американската скијачка Линдзи Вон  блесна во супер провокативен и атрактивен фустан.

Белиот фустан ги откри и истакна сите атрибути на русокосата спортистка , Вон во Монако предизвика лавина од воодушевување кај сите присутни на церемонијата.

ПОЛНЕТ КРАП

Рецепт на: Ленче Чолаковска

Потребни состојки: 1 крап, 1 кг.кромид, 3 китки магдонос, 2 чешни лук, 2 лажици црвен пипер, малку брашно, малку масло, сол и зачин од сув зеленчук по вкус.

Постапка:

Во тава со загреано масло се пржи исечкан кромид се додека не омекне.

Се додава 1 лажица црвен пипер и 3 китки сечкан магдонос.

Откако ќе се пропржат состојките се ставаат во тепсија.

Исчистениот крап се полни со половина китка магдонос и 2 чешни лук.

Потоа се става во тепсијата со пропржениот кромид и магдонос и се полева со вода.

Смеса од половина шолја масло и 1 лажица пипер се полева врз крапот.

Врз крапот се посипува малку брашно.

Тепсијата се покрива со фолија и крапот се пече опколу 20 минути во загреана рерна.

Потоа фолијата се отстранува и се продолжува со печење уште 20 минути.

притисни ентер