Исповед на калуѓерка : Секоја вечер тој монструм ме силуваше , а јас мислев дека така бара Господ

Ден откако Папата Франциск прв пат јавно призна дека бројни свештенички биле жртви на лисување од свештениците , две поранешни калуѓерки јавно проговорија за нивната судбина.

Жените во интервју за радио ББЦ го поздравија признанието на Папата , со зборовите дека премногу време имало ,,култура на тишина и прикривање во црковната хиерархија.” 

Др. Роко Фигуероа е теолог и предавач во Оукланд , Њу Зеланд , која доживеала сексуално злоставување во Лима, Перу. Таа како тинејџерка на 15 години живеела во заедница на апоастолски живот , зашто доаѓа од сиромашна средина.

Свештеникот по неколку месеци и кажал дека со неа ќе вежба за да ја научи на самоконтрола на нејзината сексуалност.

,,Бев многу младат и наивна , мислев дека тој е добар , а јас лоша . Се чувствував виновна и дезиорентирана. “ , раскажува докторката.

Својата приказна ја раскажа и Дорис Вагнер- Резигнер , која била калуѓерка во Германија. Таа раскажува дека еден од свештениците цело време бил покрај неа и една вечер влегол во нејзината соба и ја силувал.

Знаела дека тоа не е во ред , но немала кому да каже , зашто чувствувала дека таа прави грев. Мислела дека ако прозбори за тоа , ќе биде на штета на црквата , па Господ сака да молчи.

Таа подоцна запознала друг свештеник , по што се вњубиле и ја напуштиле црквата во 2011.

Смртна казна за расист кој до смрт измачуваше афроамериканец

Џон Вилијам Кинг  кој изврши најтешко измачување од расистички побуди во САД , ноќеска треба да биде егзекутиран во Тексас.

Расистот беше осуден на смртна казна зашто со синџири го врзал  афроамериканецот Џејмс Бирд Џуниор за својот камионет и го влечел речиси пет километри низ шумата во околината на местото Џеспер во Тексас. Овој страшен чин на измачување се случил на 7 јуни 1998 година и стана еден од најбруталните расистички злосторства во поновата исрторија на САД.

49- годишниот Афроамериканец бил жив првите три килломтери од измачувањето низ шумскиот пат , пред телото буквално да му биде распарчено.

Кинг отворено ги застапува своите расистички ставови , па дури има и тетоважа мна која е прикажан црн човек како виси обесен со јаже на вратот.

Доколку не дојде до помилување во последен момент , ноќеска Кинг треба да биде езгекутиран , со што ќе биде трет затвореник врз кого годинава во Тексас била спроведена смртна казна од вкупно четири случаи во сите САД.

Памела Андерсон збесна откако наместо за сиромашните , донациите се наменија за Нотр Дам

Актерката Памела Андерсон бесна ја напуштила хуманитарната гала претстава откако видела дека наместо за сиромашнитре деца , дел од парите се префрлаат за однова на катедралата Нотр Дам во Париз.

Памела Андерсон беше гостинка на синоќешната вечера на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј , каде се собирала помош за сиромашните деца од градот. наеднаш , во текот нa вечерта 100 000 од парите се намениле за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз. Андерсон , која е во врска со фудбалерот Адил Рами од Олимпик , не можела да издржи и бесно ја напуштила вечерата.

Таа подоцна напиша дека парите се неопходни за децата , а за Нотр Дам веќе има собрано над милијарда евра.

,,Бев толку лута и разчарана што го прашав Адил дали може да си одиме. И си отидовме.” , напиша Памела на Твитер.

Без да и одговори директно нa Памела , од клубот денеска објавија дека биле собрани вкупно 439 760 евра , а американскиот претседател на фудбалскиот клуб од Марсеј, Френк МекКорт веќе најави дека дел од парите има намера да ги донира за обнова на катедралата Нотр Дам.

Салма Хајек ја покажа ,,тајната” тетоважа на градите

Актерката Салма Хајек ги почести своите фанови на Инстаграм со интимна фотографија.

На фотографијата актерката е гола , а на левата града се гледа мала тетоважа на птица. ,,Мал поглед на тајната тетоважа на Соња Кинчад” , напишала актерката под фотографијата.

Познато е дека Селма Хајек нема вистинска тетоважа , па се претпоставува дека тетоважата е направена привремено за некој нејзин лик.

Салма во моментов снима акционен трилер во Хрватска заедно со Семјуел Л. Џексон и со Рајан Рејнолдс.

притисни ентер