Потребни состојки: 1 парче филиран лосос, 2 главици кромид, половина китка свеж копар, 2 лажички сенф, 1 морков, 1 црвена пиперка, малку брокула, малку карфиол, малку целер, 2 лажици вински оцет, 125 гр.шеќер, 65 мл. алкохолен оцет, 300 мл. вода, неколку гранки од смрека, малку маслиново масло, сол и бибер по вкус.
Постапка:
Лососот се сече на помали парчиња.
Во подлабок сад со 500 мл. вода се става 50 гр. сол и добро се промешува се додека солта не се соедини со водата.
Парчињата лосос се потопуваат во солената вода и се оставаат да отстојат 10-15 минути.
Потоа лососот се измива со проточна вода и се суши на хартија.
За тоа време се подготвува маринадата за зеленчукот.
Во сад се ставаат и се мешаат: 125 гр.шеќер, 65 мл. алкохолен оцет и 300 мл. вода.
Садот со течноста се става на оган за да зоврие.
За тоа време се подготвува сосот.
Во повисок сад се ставаат: две главици печен кромид, половина китка свеж копар, 2 лажички сенф, 2 лажици вински оцет, малку маслиново масло, сол и бибер по вкус.
Сите состојки се блендираат се додека не се добие пенеста кремаста смеса.
Во садот со маринадата најнапред се става сечкан морков и целер.
Потоа се додава и останатиот сечкан зеленчук.
Откако ќе се исуши лососот се става на помал капак во тенџере со малку вода и гранки од смрека.
Потоа тенџерето се покрива со капак и се става на оган.
Откако ќе испари водата се потпалува смреката.
Потоа се трга од огнот и лососот се чади.
На крај лососот со зеленчукот и сосот се сервира на чинија.