Во Египет најден антички вински подрум

На подрачјето на делтата на Нил археолозите откриле вински подруми од античко време.

Египетското министерство за антиквитети соопшти дека ископувањата биле вршени на местото Телком ал- Троги , подрачје познато од натичко време по добрите вина.

Просториите биле направени од печена глина , додека за контрола на температурата користеле блокови од варовник. Не било најдено вино во подрумите.

Античкиот период во Египет почнал во 4 век пред нашата ера за време на владеењето на Александар Македонски и траел до потпаѓањето под исламска власт во 7 век на новата ера.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер