Околу 250 грчки интелектуалци потпишаа иницијатива за поддршка на Договорот

Со поддршка за Преспанскиот договор истапија денеска околу 250 грчки интелектуалци и уметници, кои го ставија својот  со потпис на Инцијативата за Договорот од Преспа на луѓето од уметноста и културата.

-Со Договорот од Преспа се затвори рана, која беше отворена речиси три декади. Тоа е чесен договор и ветувачки компромис, со кој се заштитува иднината на граѓаните на двете земји, преку мир, солидарност и соработка, се нагласува во Иницијативата за поддршка, јави АНА-МПА, пренесува МИА.

-Сложеното име со географска одредница (Северна Македонија) за севкупна употреба и со ревизија на Уставот, целосно ја покрива грчката позиција и истовремено во пракса ја демонстрира волјата на соседната земја за мирна коегзистенција на граѓаните на двете држави, се вели во иницијативата.

Грчките интелектуалци нагласуваат дека живееме во време кога во Европа се случува подем на екстремната десница и национализмот.

-Договорот од Преспа е еден од малкуте светли точки во овој период низ Европа. И тој беше поздравен како таков. Поради тоа го поддржуваме, без разлика на нашите политички гледишта, се наведува во Иницијативата.

-Во нашето општество денес се случува конфликт што оди подалеку од тесното поле на политичките контроверзи, оди понатаму од сферата на нарушените социјални релации и задира во есенцијалното поле на културните реалции. Забележуваме дека некои луѓе сакаат Грција да ја вратат сто години наназад. Фобичниот, длабоко ретрограден и реакционерен наратив излезе од темните предели на историјата во однос на Преспанскиот договор, велат потпишаните грли интелектуалци и уметници.

Нагласуваат дека тие секојдневно се во дијалог со општеството преку уметноста, со песни, музика, поезија, театар, танц, пишување, размислување, кино, преку сите можни човечки начини на изразување, со цел „да допреме до луѓето кои се на тест од оваа криза на поделби во општеството кое боли и кое е болно".

-Го обединуваме нашиот глас со гласот на нашите соседи кон националистите кои сакаат да не изолираат и кон реториката на омраза и испраќаме порака на пријателство и солидарност. Го обединуваме нашиот глас со милиони луѓе во светот кои се подготвени да ја бранат слободата, пријателството, демократсијара и човечките вредности, нагласуваат потписниците на иницијативата./МИА.

Состанок на Стопанската комора на Македонија со претставници на СДСМ

Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ.

Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија

Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.

Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија.

Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица. /MИА

Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување.

Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата.

Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИА

притисни ентер