Изложена новата опрема на полкот за специјални операции

Министерката за одбрана Шекеринска и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ги посетија припадниците на полкот за специјални операции.

Пред командата на полкот, беше изложена дел од опремата на армиските специјалци, како и чизми од новата набавка на вкупно 7.200 пара чизми за припадниците на армијата.

Во Молдавија отворена истрага против гувернерката на областа Гагаузија

Молдавското обвинителство поведе постапка за кривично дело против гувернерката на молдавската област Гагаузија, Евгенија Гуцул што создава предуслови таа да биде судена под обвинение за насочување средства од Русија на промосковска партија.

Гуцул, лидерката на Гагаузија, стана позната минатата година и победи на изборите за шеф на автономниот регион. Има затегнати односи со централната влада во Кишињев, која стравува дека Русија и прогонетите олигарси се мешаат во политичкиот живот на земјата.

Гуцул е обвинета дека од 2019 до 2022 година насочувала средства од Русија за финансирање на сега забранетата проруска партија Шор, основана од Илан Шор, прогонет проруски бизнисмен, осуден за измама во Молдавија. Според обвинителството, „Гуцул активно учествувала во систематското внесување на непријавени финансиски средства во Република Молдавија, кои биле примени од организирана криминална група, пред сè од Руската Федерација“./МИА

Во Тексас и Калифорнија уапсени десетици студенти кои демонстрираа против војната во Газа

Американската полиција уапси повеќе десетици студенти во Тексас и Калифорнија, кои протестираа против војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Во Тексас вчера се уапсени 34 лица, по судирот меѓу демонстрантите и полицијата и полициската коњаница, а меѓу уапсените е и новинар на американската ТВ станица Фокс, јавија американските медиуми.

Студенти од Тексас побарале нивниот универзитет да прекине секаква соработка со компаниите што произведуваат и продаваат оружје на Израел, пишува Индипендент.

Апсењата минаа помирно во Калифорнија, каде беа уапсени околу 20 студенти кои претходно три дена беа забарикадирани во зградата на универзитетот, на што универзитетот одговори со организирање онлајн часови.

Претходно, на почетокот на неделата, полицијата соопшти за 133 приведени демонстранти на Универзитетот Колумбија во Њујорк и околу 40 на Универзитетот Јејл. /МИА

Столтенберг во дводневна посета на Германија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во посета на Германија. 

Како што соопшти НАТО, престојот во Германија Столтенберг ќе го почне со посета на седиштето на 73-от Тактички воздухопловен винг на германското Воено воздухопловство на аеродромот „Лаге“ во покраина Мекленбург-Западна Померанија во североисточниот дел на земјата.

Од аеродромот „Лаге“ крај Росток, Столтенберг попладнево ќе отпатува во Берлин каде ќе се обрати на настан во организација на невладината организација „Атлантик-Брике“, по што ќе има средба со германската сојузна министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.

Столтенберг утре ќе им разговори со членови на комисиите за надворешни работи и за одбрана на Бундестагот, а посетата на Германија ќе ја заврши со средба со германскиот канцелар Олаф Шолц. /МИА

притисни ентер