Општина Карпош со нов стратешки документ за екологија 2019-2024

Локалниот еколошки акционен план, ЛЕАП-2 за општина Карпош за наредните шест години, односно за периодот 2019-2024, денеска беше презентиран и усвоен од Локалниот комитет за изработка на овој план. 

Тој ќе се најде на усвојување веќе на наредната седница на Советот на општината, по што ќе се пристапи кон изработка на годишни акциски планови за секоја година посебно, се додека се „исцрпи" важноста на овој стратешки документ на локалната самоуправа.

На презентацијата, како што информира општина Карпош, присуствуваше и градоначалникот Стефан Богоев.

– ЛЕАП всушност е скенер на состојбите до каде сме на овој план, но и патоказ што треба да презмеме и што ќе преземеме во наредните години на планот на екологијата. Тоа би значело добрите практики кои сега ги спроведуваме да ги задржиме и да ги имплементираме натаму, но и да воведуваме нови, рече Богоев.

Тој потсети на проектите што ги реализирале во изминатата година и неколку месеци, а тоа се т.н. „зелена офанзива" зголемување на меѓублоковското зеленило со над 300 нови садници.

– Општината првпат лани воведе и додели субвенции за велосипеди, додека Градот работеше на обнова и зголемување на велосипедската инфраструктура. Изградивме нов сквер во Тафталиџе и Нерези, а за поголема хигиена општината воведе и ново работно време за хигиеничарите за викендите, кога и најмногу се собира смет, рече Богоев.

Тој го најави новиот парк што ќе се гради наспроти Карпош 4, за чии зелени содржини ќе бидат консултирани и експерти од Шумарски факултет. За зачувување на зеленилото во Карпош ќе бидат ангажирани дополнителни двајца комунални инспектори со поголеми овластувања.

Во креирањето на ЛЕАП- 2 учествуваа и граѓански здруженија, Коалицијата О2 и НВО секторот со конструктивни предлози. Изработувач на ЛЕАП-2 за општина Карпош се Градежниот институт „Македонија" АД Скопје- ГИМ, МАНЕКО СОЛУШНС ДООЕЛ Скопје и Институтот за истражувања во животна средина, енергетика и градежништво-ИЕГЕ.

Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места

Сите 101 избирачко место за првиот круг од претседателските избори во општина Струга утрово беа отворени во 7 часот, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

- Гласањето почна навреме и во трите избирачки места во општина Вевчани, информира претседателката Менка Кукоска.

Гласањето, според претседателите на изборните комисии, во двете општини се одвива непречено, без никакви проблеми.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60.894 гласачи, од кои 132 болни и изнемоштени вчера го оствариле своето гласачко право, додека во Вевчани има 2.072 регистрирани гласачи, а четворица болни и изнемоштени гласале вчера. /МИА

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

притисни ентер