Крушево ќе го одбележи 38. роденден на Тоше, фановите од Балканот веќе пристигнуваат

Со почит и свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште на Гумење и со повеќе манифестации Крушево в петок, на 25 јануари, ќе го одбележи 38-от роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески

Нашиот Тоше трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка Хрватска на 16 октомври 2007 година.

Во одбележувањето на роденденот на Тоше се вклучени Меѓународната фондација „Тодор Проески", музејот Спомен-куќа на Гумење и крушевската локална самоуправа, а како што информираат од Музејот, фановите на Тоше од Словенија, Бугарија и Србија веќе пристигнуваат во Крушево да му оддадат почит на Тоше, да потсетат на него, пеејќи ги неговите песни.

Организираното одбележување в петок почнува од 11.30 часот кога приврзаниците на Тоше, фановите, претставниците на инситуциите ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење.

Напладне, во спомен-куќата на Тоше, почнуваат манифестациите. Учениците од крушевското училиште „Наум Наумоски – Борче" ќе читаат извадоци од песните на Тоше, ракотворци од Битола ќе изработуваат дела од срма и монистра, тематски поврзани ликот и делото на Тоше Проески, а ќе настапат и поединци, и тоа Сотираки Чакалар, Марија Котеска и Елена Ристеска.

Имено, од 9 до 16 часот в петок, во Спомен-куќата, ќе се одржува традиционалната крводарителска акција во чест на Тоше.

Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење содржи над 350 експонати поврзани со Тоше, а од 2011 година, кога е отворена, ја посетиле преку 650.000 гости од кои 30 отсто од странство.

Директорката на Музејот Елена Мирчевска, информира дека дел од фановите од соседните земји веќе пристигнале во Крушево.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер