Скијачката шампионка Линдзи Вон заминува во пензија!?

Секси шампионката заминува во пензија. Големата победничка скијачката шампионка Линдзи Вон најавува крај на успешната и трофејна кариера!

Повредите ја тераат 33-годишната скијачка Линдзи Вон во пензија. Една од најуспашните и најпопуларни скијачки на сите времиња во светот, убавата Линдзи Вон викендов во Кортина Деампецо најверојатно ја извозе својата последна трка во фантастичната кариера како скијачка. Повредите на колената ја оддалечуваат русокосата шампионка од скијачките патеки.

Убавата Американка дури не успеа да ја заврши супревелеслаломската трка во Италија.

Линдзи Вон која во Кортина има дури 12 победи по шест во спуст и супер велеслалом неуспехот на последната трка ја доведе до солзи.

-Сега е време да го слушам своето тело и ако треба да му кажам збогум на скијањето. Десното колено го оперирав четири пати, ми беа скинати надворешните вкрстени лигаменти на левото колено, двете нозе ми се во лоша состојба. Не знам ќе размислам уште неколку дена , но болката е огромна. Многу повреди успеав да надминам во кариерата, но сега тие ме стигнаа. Толку што не можам да скијам и во голем стил сезонава да ја завршам кариерата, како што се надевав, изјавила расплаканата Линдзи Вон по неуспехот во Кортина.

Атрактивната Линдзи покрај по успесите на скијачките патеки е позната и по своите провокативни изданија надвор од патеката.

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на страт

После скоро една година блокада од страна на собраниската комисија за финасирање и буџет, Собранието, денес ги донесе измените во предлог Законот за стоковите резерви.

Со законските измени се овозможува оризот да се опфати како производ од исклучително значење за населението во Република Северна Македонија и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви во вид на оризова арпа.

Ваквите измени во законот за стоковите резерви следуваат, на иницијатива од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од Националниот план за производство на храна и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.

Целта на мерката е стабилизирање на пазарите во услови на пројавени вишоци на пазарот, преку охрабрување на операторите, привремено да ги чуваат своите производи наместо да ги продаваат на пазарот.

Во таа насока МЗШВ, уште во 2022 година, до Владата, достави Информација за засеани површини и остварено производство со оризова арпа во 2021 година и анализа на сегашните состојби со оризопроизводството.

Преку оваа Информација, која Владата ја усвои, предложивме оризот да биде вграден, како значајна култура, во Законот за стокови резерви. Министерството за финасии, пак, беше задолжено да изготви предлог измени во Законот за стоковите резерви.

Предложените измени во Законот до Собранието се доставени уште на почетокот на 2023 година и од тогаш, до денес, од неразбирливи причини, беа блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за финасирање и буџет.

Оризот, нашето бело злато, е традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, како министерство кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело. За 300% се зголемени субвенциите за оризопроизводителите, а поддршка обезбедуваме и во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив.

Нашата поддршка кон оризопроизводителите продолжува. Останува нејасно зошто беше потребна оваа блокада на Законот, кога истиот можеше да се донесе многу порано, а оризопроизводителите оваа сезона, со поголем мотив да ги посеаат своите полиња, сопштуваат од МЗШВ.

Нејмар подготвува фудбалски „земјотрес“ – ќе ги остави арапските пари за враќање во Барса

Нејмар пред седум години ја напушти Барселона во трансфер кој и денес е рекордно висок, а според шпанските медиуми се чини дека би можел да се врати на „Камп Ноу“.

Имено, Барселона во 2017 година го продаде Бразилецот на ПСЖ за 222 милиони евра, а минатата година тој се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија за 90 милиони евра, каде што игра за плата од 150-160 милиони евра по сезона. Тој моментално се опоравува од скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено.

Тој одигра само пет натпревари за Ал Хилал, постигна еден и асистираше три гола, пред да заработи повреда во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2026 година на гостувањето кај Уругвај во октомври минатата година. Откако беше обелоденето дека нема да може да игра до крајот на сезоната, реагираше Ал Хилал кој го симна од списокот на пријавени играчи за да направи место за уште еден странец во нивниот ростер.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека 32-годишниот бразилски напаѓач е во контакт со претседателот на Барселона, Жоан Лапорте и дека овие контакти резултирале со желба да се врати. Играјќи за Барса, Нејмар освои осум трофеи, од кои еден за најдобриот тим во Лигата на шампионите и два за најдобриот во шпанското првенство. Вкупно за Барселона одигра 186 натпревари со учинок од 105 гола и 76 асистенции.

Според Шпанците, пореално е да се очекува евентуалното враќање на Нејмар во Барса во летото 2025 година, кога му истекува договорот, отколку сега. Причината се финансиските проблеми во каталонскиот клуб, кој исто така сака да види колку Нејмар е физички подготвен за напори во Ла Лига и Лигата на шампионите. Исто така, останува да се види за која плата би бил подготвен да игра Нејмар во евентуалниот втор мандат во Барса.

ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен ги утврдува пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ одржува седници на Извршниот и Централниот Комитет на кои треба да ги утврди целосните пратенички листи, откако претходно ги обелодени носителите во сите шест изборни единици.

Од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја вклучуваме Михаела Димовска..

Михаела познати ли се веќе кандидатите за идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?

притисни ентер