Продолжува комисиската расправа во грчкиот Парламент за Преспанскиот договор

Во 10.30 часот по локално време, денеска продолжува расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА.

Според најавите на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, на вчерашниот брифинг со новинарите, Комисијата по завршувањето ќе изготви извештај, а потоа, во среда и четврток за нацрт законот ќе расправа Парламентот на пленарна седница, по што ќе следи и гласањето.

Процесот за ратификација на Договорот од Преспа започна вчера, а расправата на надлежната комисија траеше речиси пет и пол часа. Кусо пред 23 часот по локално време дискусијата беше прекината.

Збор зедоа пратениците, кои ги повторија позициите на нивните партии, оние кои што се „за", говореа за позитивните аспекти на Договорот, додека пак оние што се „против" со свои аргументи го поддржаа овој нивни став, објаснувајќи зошто нема да гласаат за ратификација на договорот меѓу двете земји.

Говорите на пратениците од владејачката СИРИЗА беа во насока дека Договорот од Преспа како основа ја има националната линија од 2008.

Нивните колеги од Нова демократија говореа за договор штетен за националните интереси. Надлежниот за надворешна политика во опозициската партија, Јоргос Кумуцакос рече дека историјата ќе ги запише оние кои ќе го кажат штетното „да" и оние кои ќе го кажат патриотското „не" на гласањето за договорот.

Според Кумуцакос, договорот за Скопје обезбедува: признавање од страна на Грција дека граѓаните ќе се нарекуваат „Македонци/ граѓани на Северна Македонија"; употреба на терминот „nationality" наместо терминот „citizenship"; признавање од Грција и слободна употреба на кратенките МК и МКД; признавање на македонски идентите, почеток на процесот за членство во НАТО; можност за почеток на пристапни преговори со ЕУ, обврзување од Грција дека нема да блокира, дискусија за употреба на трговските имиња и ознаки.

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, одлучи наместо пратеникот Кацикис, лично тој, да присуствува на комисијата.

-Денес е ден на жалост за Грција бидејќи веќе започнува расправата во Парламентот за отстапување на историјата на Македонија, прекршувајќи ја националната позиција која беше формирана во 1992 година на лидерската средба под Константинос Караманлис, рече Каменос на почетокот од неговото обраќање и ја повтори неговата позиција дека е против Договорот од Преспа, рече дека ако стапи на сила „ќе го поништи Договорот од Јалта и ќе доведе до крвопролевање на Балканот". Воедно, упати критики и до актуелната влада иако до неодамна беше дел од неа.

Пратеникот од Река, Јоргос Мавротас рече дека погрешна е перцепцијата дека тие што го поддржуваат договорот се предавници, а тие што се против се патриоти.

Пратеникот од Сојуз на централисти, Јанис Саридис повтори дека тие ќе гласаат против, а наместо Договорот од Преспа ја користеше фразата „Договорот од езерото"

Комисијата започна со високи тонови, со обвинувања за изборот на новите членови поради тоа што неколку пратеници ги напуштија нивните пратенички групи, со жестоки реакции од пратеникот од Златна Зора, Илијас Касидиарис.

Поради жестоката дискусија, претседателот на комисијата направи пауза од пет минути за да се смират страстите.

На почетокот од седницата, пратеникот од Нова демократија, Никос Дендиас излезе со три барања: да биде доставен целиот текст од македонскиот Устав за да се спореди кои амандмани се вметнати, да се објави писмото со оставката од Коѕијас до Ципрас и поранешниот шеф на грчката дипломатија со оглед на тоа дека ги водеше преговорите, да дојде на комисијата и да ја извести.

Претседателот на Комисијата, Костас Дузинас рече дека овие барања ќе ги пренесе до владата.

Претставникот на Демократска алијанса, Андреас Ловердос, рече дека до комисијата треба да се достават уставните закони за спроведување на Уставот на нашата земја и праша зошто заедно со договорот за гласање не е донесен и протоколот за членство во НАТО, на што алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос одговори „многу едноставно бидејќи не постои, затоа што прво треба да биде ратификуван договорот.

Во првите речиси два часа од почетокот на дискусијата фокусот во главно беше ставен на составот на комисијата и на начинот на кој денес беа избрани новите членови – независните пратеници.

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи ја сочинуваат 56 членови, од кои 27 од СИРИЗА, 14 од Нова демократија, четири од Демократска алијанса (Демократска левица- ПАСОК), три од Златна зора, исто толку од Комунистичка партија на Грција, а по еден претставник имаат Независни Грци, Река и Сојуз на централисти, додека пак учествуваат и двајца независни пратеници.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер