Според информациите во британските таблоиди , промотивните маици се поизведени во Бангладеш, а жените кои ги произведуваат заработуваат по 35 пени (40 евроценти) на час.
Освен тоа, работат во долги смени со вербални навреди и закани. Хуманитарните маици на кои пишува 'I wanna be Spice Girl' се проиаведуваат во фабрики каде жените работат и по 16 часа на ден , а ако не ја исполнат нормата , шефот ги навредува со најтешки зборови.
Парите собрани од продажбата на маиците , што се продаваат по 19,40 фунти се донираат во фондот Comic Relief, кој промовира еднаквост на жените. Фондот од продажбата на секоја маица, осмислена од популарните Спајс девојки , добива по 11,60 фунти.
Бројни познати јавни личности ги носат овие маици , без да знаат за условите на работа на жените кои ги произведуваат.
Портпаролката на Spice Girls изјави дека девојките биле шокирани кога разбрале во какви услови се произведуваат нивните маици и се подготвени лично да ја финансираат истрагата за злоупотребата на женскиот труд во фабриките во Бангладеш.