Два брода горат во близина на Крим - најмалку 10 загинати (ВИДЕО)

Два товарни брода , под знаме на Танзанија , се запалија во Црното Море во близина на Керчанскиот Мореуз .

Руските спасувачи се на местото на пожарот во обид да ги спасат екипажите на двата брода, кои скокнале во студените води на мореузот. До сега се спасени тројца морнари , а телата на десетмина морнари се извлечени од водите на Црното Море, јавува поморската руска агенција Росморефлот.

Едниот од бородовите е танкер со нафта , кој се запалил и експлодирал , а пожарот се проширил и на другиот брод . На првиот брод има 17 члена на екипажот од Турција и Индија , а на вториот има 14 морнари.

Ученик влегол со нож во училиште во Милано и ја барал наставничката, нејзин колега настрадал

Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.

Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.

За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.

Според карабинерите, инцидентот се случил вчера, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.

Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.

Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.

Георгина и Роналдо објавија снимка од плажа- веднаш добија 3 милиони лајкови (ВИДЕО)

Георгина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.

„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото како шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.

Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одмор на кои се гледа како се забавуваат, попишувајќи ги: „Среќа“.

Јанчев: Кавадарци ја доби наградата „Зелени шампиони“ на Западен Балкан

Мрежата на асоцијации на локални самоуправи на Југоисточна Европа на општина Кавадарци ѝ додели награда за проектот „Практики за одржливо земјоделство“.

Кавадарци наградата „Зелени шампиони“ за Западен Балкан ја доби за поставување на 18 агрометеоролошки станици за рана детекција на болести на винова лоза, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер