Потрошила огромна сума на пари за крема против брчки: Направена е од нејзината крв

Сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам потрошила 1350 евра за новата хидрирачка крема за лице направен од нејзината сопствена крв.

Модбата дизајнерка се пофали на социјалните мрежи дека користи крема против брчки направен специјално за неа.

Идејата за новата крема за лице, Викторија ја добила минатата недела кога ќерката Харпер (7) ја однела на третман за лице во Германија на клиниката кај популарната докторка Барбара Сурм.

Оваа популарна докторка е позната по својот третман за лице познат и како “вампирско лице“ каде крвта се вбризгува во “проблематичните места“ на лицето и така и помагаат на кожата побрзо да зарасне.

Овој третман за лице е еден од најпопуларните во Холивуд, а се со цел во вечната борба да се спречи стареењето.

Викторија Бекам инаку е позната по тоа што не штеди кога станува збор за борбата против брчките. Во јануари минатата година изјавила дека одвојувала и по 800 евра за производи кои се користат во секојдневната нега на лицето, за нега на телото користи производи во вредност од 500 евра, а за нега на косата одвојува и до 140 евра.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер