Фото: Плус сајз манекенка во неон комбинација

Поголем број од жените не би облекла ваква комбинација, но не и мегапопуларната плус сајз манекенка Ешли Грејем.

Дека неонските бои се апсолутен хит сезонава потврди и атрактивната манекенка со истакнати облини Ешли Грејем. Популарната манекенка на улиците во Њујорк се прошетала во неонска кратка ролка и сини тесни панталони.

Оваа комбинација ги нагласи нејзините истакнати облини, што предизвика различни реакции кај нејзините фанови.

На социјалните мрежи на кои Ешли има околу 8 милиони следбеници, поголем број од нив биле воодушевени од модното издание на плус сајз убавицата.

Ученик влегол со нож во училиште во Милано и ја барал наставничката, нејзин колега настрадал

Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.

Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.

За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.

Според карабинерите, инцидентот се случил вчера, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.

Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.

Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.

Георгина и Роналдо објавија снимка од плажа- веднаш добија 3 милиони лајкови (ВИДЕО)

Георгина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.

„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото како шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.

Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одмор на кои се гледа како се забавуваат, попишувајќи ги: „Среќа“.

Јанчев: Кавадарци ја доби наградата „Зелени шампиони“ на Западен Балкан

Мрежата на асоцијации на локални самоуправи на Југоисточна Европа на општина Кавадарци ѝ додели награда за проектот „Практики за одржливо земјоделство“.

Кавадарци наградата „Зелени шампиони“ за Западен Балкан ја доби за поставување на 18 агрометеоролошки станици за рана детекција на болести на винова лоза, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер