Стотици ,,Жолти елеци” на протест во Лондон бараат оставка од Меј (ВИДЕО)

Стотици демонстранти денеска маршираа по улиците низ центарот на Лондон , по примерот на ,,Жолтите елеци “ во Париз.

Инспирирани од протестите на ,,Жолтите елеци “ во Франција , стотици демонстранти побараа оставка од владата на премиерката Тереза Меј. Тие особено се лути на владината програма за штедење , што најмногу ги погоди сиромашните слоеви.

Облечени во жолти елеци со написи како ,,Британија е на колена” , побараа од политичарите да обрнат внимание на нивната тешка положба , наместо да бидат бескрајно многу посветени на спектаклот што го следи процесот на напуштање на Британија на Европската Унија.

Кабинет на Ципрас: Нимиц става крај на приказната на Мицотакис за наводно одново преговарање за Договорот

Жестока вербална битка за одбраната на Македонија во грчкиот Парламент, на првиот ден од расправата за Преспанскиот договор.

И покрај жестоките критики  на Договорот, опозициската Нова демократија, како што пренесува Катимерини, нема да поднесе иницијатива за гласање недоврба на Владата на Ципрас.

Во Атина е екипата на Канал 5 со Александар Видиновски,  александар кои се најновите информации околу расправата во грчкиот парламент.

Можни ли се нови изненадувања, освен најавите за нови масовни приотести утревечер?

Никола Мицевски и Дамјан Манчевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Никола Мицевски и Дамјан Манчевски

Мицевски: Зошто носите закони по скратена постапка а први бевте против тоа?
Манчевски: Законот за спречување на корупција зошто 5 до 12 се донесе?

Мицевски: Треба да ја менуваме историјата, има јавен притисок да се сменат историски факти по секое погчавје од Преспанскиот договор.
Манчевски: Договорот е потпишан веќе една година, набрзо ќе станеме членкаа на НАТО. Што е ова, лов на вештерки?

Мицевски: ВМРО ДПМНЕ наредниот период ќе работи на подобрување на договорот, не на поништување на еден ваков меѓународен документ. 
Манчевски: Ја поздравувам изјавата, ова е нова политичка реалност, вакво нешто да каже пратеник на опозицијата.

Заложничка драма во банка на Флорида , застрелани повеќе луѓе (ВИДЕО)

Шефот на полицијата на округот Хајлендс на Флорида , Дон Елвел , изјави дека повеќе луѓе се застрелани во заложничка драма во банката SunTrust во гратчето Сербинг.

Полицијата информира дека заложничката драма почнала во средна напладне по локално време, но се уште не е јасно дали застреланите се вработени во банката или клиенти. На видеото се гледа полициски и возила на итна помош .

Медицинските тимови влегоа во банката , откако беше скршен стаклениот влез. Во близина се застанати роднините и пријателите на лицата , кои се во банката.

За сега драмата нема исход и не се знае колку лица ги држат во заложништво вработените и клиентите , ниту се знае точниот број на киднапирани , како ни видот на повредите на застреланите.  

притисни ентер