Заев верува дека и Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа

Ден по изгласувањето на уставните измени , премиерот Заев им се заблагодари на сите што го помогнале процесот, со верување дека и Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа и ќе го потпише протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Да живее Македонија,

Да живее Република Северна Македонија

Вака премиерот Зоран Заев го заврши својот говор на првата прес конференција откако синоќа парламентот ги изгласа уставните измени произлезени од Договорот од Преспа за промена на името на државата.

Премиерот е уверен дека по одлуката на парламентот државата се движи кон иднината што ја посакуваме. Се заблагодари на сите во Собранието за нивниот глас и вели ја разбира горчината, но и гордоста на граѓаните по оваа одлука.

Убеден сум, вели Заев, дека и грчките пратеници ќе го ратификуваат договорот и ќе се потпише протоколот за влез на Македонија во НАТО.

На опозицијата и порача дека е време да заборави на опструкциите и дека треба да биде дел од новите поглавја. Прашан за барањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски за предвремени избори Заев вели ова е прашање вредно за дебата и ја остави отворена можност годинава да се бира и нов претседател и нов парламент.

Амандманите со кои се менува Уставот денеска ќе бидат објавени во Службен весник, по ова Владата ќе ги извести властите во Атина, а потоа како што рече премиерот ќе ги извести и сите држави во светот за новото име на државата. Заев уверува дека Македонија ќе има економска корист од новото име. Вели голем број инвеститори ја чекаат промена за да инвестираат тука и најави целосна посветеност на Владата на економскиот раст, реформите и поздрав правен систем.

Европа е во опасност – предупредуваат безбедносните служби

Можни напади на ултрадесничари , каков што беше оној во Нов Зеланд , претставува се поголема закана за Европа, предвидуваат безбедносните служби.

Европските безбедносни служби по минатонеделниот напад во џамии во Крајстчрч го засилија надзорот над ултрадесничарите. Во Франција, Британија, Германија и Италија веќе со години безбедносните служби предупредуваат на силната поларизација во општеството и можноста екстремисти да го нападнат муслиманското малцинство во овие земји.

,,Европа е во голема опасност. Екстремистите се засилуваат насекаде , а ние ги пренаменуваме средствата за да можеме да ја следиме барем ултрадесницата и екстремистите. Наше е да предвидиме и да ги блокираме тие групи , за да не можат во одреден момент да предизвикаат судир меѓу заедниците.” , вели Патрик Калвар , директор на француската разузнувачка служба.

,,Во последните четири до пет години во западните земји утврдивме зголемен број на злосторства од омраза и терористичко насилство од карајно десничарски групи. Тоа се должи на засилената поларизација не само на страната на џихадистите , туку и на крајаната десница.”, вели Питер Њумен , директор на Меѓународниот центар за студии за радикализација од Лондон.

Туск : Се е можно до новиот рок за Брегзит, 12 април

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск изјави денеска дека се е можно до новиот рок за Брегзит , 12 април , доколку британските пратеници следната недела не го одобрат договорот за излез на Британија од ЕУ.

,,До 12 април се е можно: договор, подолго одлагање доколку Британија одлучи да ја преиспита својата стратегија или поништување на членот 50, што би значело откажување од Брегзитот” , изјави Туск на прес конференција во Брисел по завршувањето на состанокот на лидерите на ЕУ.

 ,,Секако повторно ќе се сретнеме пред овој датум , се разбира во присуство на премиерката Меј. “ , изјави германската канцеларка Ангела Меркел со најава за нов самит.

Првите луѓе на Унијата вчера и дадоа на Британија одложување на Брегзитот на 12 април , наместо рокот од 29 март , договорен за излез од ЕУ.

Илјадници се евакуираат во Австралија пред ударот на два силни циклони

Илјадници Австралијанци се евакуираат пред ударот на два силни циклони , што би можеле да бидат разорни.

Во текот на викендот северот на Австралија ќе биде погоден од силниот циклон Тревор , додека циклонот Вероника ќе го погодин западниот дел на земјата. Се очекуваат силни ветришта , дожд и големи бранови.

Жителите кои живеат во овие подрачја се предупредени дека надоаѓа големо невреме со поплави , така што илјадници се евакуираат.

Ова е втор пат во историјата метеоролозите да најават два циклона во Австралија во ист ден.

Тревор во сабота наутро ќе го погоди северот на државата , каде се очекува за еден ден да наврне дожд колку што врне за цела година. Циклонот Вероника ќе го погоди северозападниот брег меѓу сабота попладне и недела наутро.

притисни ентер